ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Воена географија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Воена географија   22/10/2011, 22:54

Почнувајки од првите судир на човештвото теренот или географиајта играле важен сегмент во водењето на војни, така на пример Наполеон секогаш пред да започни битка прво на карата го разгледувал теренот и ако тој терен бил најповелен секогаш таму ја започнувал битката. Така да во денешно време теренот одигрува важна улога во водењето на војна особено денес кога употребата на моторни возила во војна е нормална работа, бидејки со употребата на возила како главно транспортно средство доста се зголемува брзината на дејствување и извржување на задачите, тое е најдобро се гледа за време на втората светска војна каде германските трупи брзо ги согазиле Французите и Советите преку брзи напади со возила преку рамничарски терени, за разлика од Балканот каде се судриле со ридско планиски терени кој се испреплетени со котлини и речни долини што го намалувало употребата на моторизирани средстава.
Кога се работи за теренот во Македонија треба да се се кажи дека токму тој терен на Македонија му овозможува најдобри услови за организирање на успешна борба, тоа се должи на тоа што целата Македонија е опкружена со Високи Планини спрема своите комши што му овозможува со мали сили да ги задржи непријателските сили додека се изврши потребната мобилизација, потоа овие Планини го оневозможуват дејствување на големи механизирани средства, што ја намалува брзината на извршување на задачите. Друг аспект на планините е тоа што тие се со висини од над 2000 метри што овозможува добро наблудување на непријателот и градење на добар пво систем поради висината на овие планини. Друга особина на македонскиот терен е големиот број на речни долини и котлини кој мегу себе се поврзани со превој кој се важни ако непријателот сака да напредува подлабоко во територијата на Македонија, исто така овие превој преставуват точки каде многу лесно можи да се отсечи непријателот ако напредува подлабоко во Македонија, исто така треба да се кажи дека високите планини што ги обиколкуват овие долини и котлини можат да бидат добри артилерски бази преку кој ке се дејстува против противничките сили кој ке бидат стацонирани во котлините или долините. Друга одлика на нашите планини е тоа што повекето планини се мегу себно повразни и лесно можи да се организира преку планиските сртови комуникација скоро до секој дел на Македонија нешто слично како што беше патото виегнација кој се движел стрикно само преку планиски сртови и врвови така непријателот и да ги контролира долините, повторно можи да се вооспостави успешан комуникација преку користење на планиските врвови и сртови.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

avatar

Број на мислења : 277

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   22/10/2011, 23:23

Кочов!!! Одлична тема, баш ми се дискутира за ова! Дај пиши повеќе! :cheers: :cheers: :cheers:

_________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

avatar

Број на мислења : 277

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   23/10/2011, 01:00

ВОЕНА ГЕОГРАФИЈА - I дел



Географијата (земјопис, од старогрчки: γεω – земја и γραφία– опишува) е дескриптивна наука што своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла,географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и ги опишува сите форми на Земјината површина и сите природни појави што настануваат на Земјата и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така,географијата ја опишува и ја проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.
Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Богатиот опус на класиците на воената мисла и на војсководството има големо значење за образованието на припадниците на воената професија кои се за- интересирани за значајни прашања од поширокиот домен. Современите војни покажаа дека успехот на операцијата не се изразува само преку броевите и
квалитетот на ангажираните сили, туку и низ целисходноста во изборот на целите и одредувањето приоритети, со вешто искористување на географските фактори.

Рационалното ангажирање на силите на задачите според време и простор, обученоста на трупите, времето на ангажирањето и грижата за луѓето и за материјалните добра денес несомнено се развива напоредно со развојот на воената вештина и воената технологија. Начелниот метод на дејствување на командатот на единицата и неговиот воен штаб, според стандардните чекори –работа во процесот на донесување воена одлука,подразбира и воена и географска процена на просторот, на земјиштето, на времето и строго почитување на кли матските и на метеоролошките услови врз воените операции. Доброто познавање на географскиот простор е првиот предуслов за квалитетни процени, во донесувањето на одлуката за употреба на единиците, што по-
некогаш може решавачки да влијае на конечниот резултат на операцијата.
Со правилна военогеографска процена и собирање на информациите за просторот може значително да се придонесе за успешно изведување на операциите во секое време и обратно, бидејќи и метеоролошките и другите военогеографски услови можат да бидат голем сојузник, но и уште поголем противник во текот на битката. Низ процената штабот на воената единица треба да ги расчлени и
да ги анализира, критички да ги разгледа и да ги синтетизира собраните географски, воени, топографски и геолошки податоци, климатските и метеоролошки услови за земјиштето и просторот, имајќи го предвид зададениот проблем и целта поставена при изведување на воените операции. Обработените информации штабот ги проследува до оние надредени и потчинети командни структури кои исто така вршат планирање, подготовка и изведување на воената операција. Доброто познавање на географскиот простор, на квалитетот и на квантитетот на одделни географски појави како прв предуслов за квалитетни процени кои претходат на донесување на одлуката за употребата на единиците, бара и проучување на природата, на настанувањето и еволуцијата на релјефот, имајќи ги предвид физичките, хемиските и геолошките процеси кои го создаваат и го менуваат релјефот што понекогаш може решавачки да влијае на физиономијата на операцијата.

Примената на воени, географскотопографски знаења, познавањето и правилното користење на земјиштето и строго почитување на климатските и на метеоролошките услови во решавањето на различни воени проблеми на оперативното ниво има големо влијание на подготовката и изведувањето на операциите.
Познавањето и правилното користење на географско-топографските знаења претставува основа за правилна употреба на единиците, бидејќи со тоа се намалуваат евентуалните предности на непријателот, а истовремено се
зголемуваат борбените способности на сопствените единици.
Од историјата на војувањето е познато дека правилна или добра военогеографска процена, односно влијанието на географско-тактичките категории на земјиштето врз воените операции често е дури и решавачки фактор при изведување на воени операции.
Географскиот простор има големо влијание на физиономијата на операцијата како со својата големнина така и со квалитетот и квантитетот на одделени географски појави.
Затоа познавањето на физичкогеографските карактеристики на просторот не е само императив за спроведување на неопходните мерки, туку е и основа за успешно водење на операциите, на движењето, на огненото дејство и за маневрирањето на воените единици.



ФИЗИЧКИТЕ АСПЕКТИ НА ГЕОГРАФИЈАТА

Според релјефот, надморската височина и распоредот на топографските
елементи, земјиштето може да биде: маневарско, планинско, карстно и мочурливо. Маневарското земјиште е погодно за движење по патишта и надвор од нив, за маневрирање во сите правци и за употреба на техника. Наклонот на страните и височината на земјиштето на врвовите овде изнесува: на рамни предели од 2-3 степени, при висина од 200m; на ридски предели од 3-5 степени
при висина од 200-300 m и на ридски предели од 5-10 степени при висина од
300-500 m.
Планинското земјиште го сочинуваат: планините, планинските долини и висорамнини над 500 m надморска височина.
Според тоа, ова земјиште се дели на: ниско планинско земјиште, со наклон од 10-15 степени и висина од 500-1000 m; средно со наклон од 15-20 степени и висина од 1000-2000 m; и високо над 20 степени и над 2000 m.
Карстно е земјиштето на кои се застапени вртачи, шкрапи, пештери, котлини, со слаба и ниска вегетација и мала застапеност на маркантни релјефни објекти. Ако има мала шума, тогаш земјиштето е чувствително на пожари и дејството на експлозивот се зголемува заради прскањето на парчиња карпи и камења. Пошумено е она земјиште кое над 50% е обраснато со шума. Шумата може
да биде еднослојна или повеќеслојна, зимзелена или листопадна, а според густината на стеблата шумата може да биде: густа (растојание на стеблата до 4 m); средно густа (5-8 m) и ретка (растојание на стебла над 9 m).
Според теоријата и практиката на стекнатото сознание од дејствувањето одредени фактори во процесот на подготовката и организирањето на операциите, се доаѓа до заклучок на кој начин таквото сознание би требало да се применува и во водењето на операциите.



МАНЕВАРСКОТО ЗЕМЈИШТЕ

Маневарското земјиште според начинот на изведувањето им дава посебно обележје на операциите. Тоа овозможува употреба на поголеми единици со современа борбена техника. Низ релјефот, дејствата се значително олеснети, ја нагласува доминацијата на огнената моќ и создава поволни можности за употреба на современи моторизирани и оклопно-механизирани состави
и сили, вклучувајќи ја и другата моторизирана техника на другите родови на војската.

Операциите ќе се одвиваат според правците чии носители ќе бидат оклопните и механизираните единици, поддржани со дејство од воздушниот простор, а голема улога ќе има и добро организираната и изведена ПОБ и ПВО на единиците. Маневарското земјиште овозможува употреба на современи здружени единици, зајакнати со тенкови, артилерија и со други средства, кои поддржани од
авијацијата, се способни противникот да го нападнат од разни правци, да го комбинираат огнот и движењето, да вршат заобиколувања и опфати, да содејствуваат со воздушни десанти. И најновите борбени искуства (операцијата „Муштерек“ која се изведува во областа Морџах, Авганистан) потврдуваат дека со вака усогласени дејства напаѓачот секогаш постигнува успех за кратко време и со минимални загуби.

Дејствата во дефанзивните операции ќе се изведуваат со потпирање врз населените места, со речните текови, каналите и утврдените објекти и ќе се насочуваат така, што непријателот ќе треба да се насочи на пречки, заседи и
подбочни удари. Уривање и други видови попречувања масовно ќе се применуваат на сите комуникациски правци.
Резервата, вторите ешалони и силите на ПОБ, начелно, се појаки – од оклопномеханизирани и противоклопен состав. Хеликоптерските и лесните оклопни сили ќе претставуваат масовен завршеток на веројатниот спектар
и на дефанзивните и на офанзивните операции низ релјефот на маневарското земјиште. Од негативното влијание на географијата, односно просторот на операциите, треба да се нагласи дека потешко се остварува заштита од извидување и набљудување, а условите за борба, за живот и за одмор се мошне различни, додека пак заштитата на единиците кои изведуваат борбени дејства во тој простор од дејството на противничката авијација или НХБ б/с е намалена.
На самото земјиште, водените површини и природните или вештачки текови,
како и пречки (реки, канали или езера) или прегради, ја забавуваат и ја отежнуваат употребата на борбени технички средства. Зависно од големината, правецот и текот, брзината, водостојот и премините, секоја водена пречка ќе има и определено влијание врз борбените дејства, како за совладување така и за одржување на премините. Единиците, кога е можно, треба да избегнуваат насилни премини на водени пречки во рамнините и на маневарско и на комуникациско земјиште, а посебно во услови кога непријателот го брани и го контролира
спротивниот брег.
Водените пречки влијаат на операциите и на употребата на силите со: широчината, текот, длабочината, составот на дното, природните патишта, вештачки изградените објекти на бреговите за преминување од едниот на другиот брег, населбите и особините на земјиштето на едниот и на другиот брег. Операциите и зафатите на реките бараат: добра обученост, разновидност,
смелост, решителност и упорност; сестрано запречување и совладување на разновидни природни и вештачки пречки; потполни и сестрани подготовки; добро и навремено организирано командување и содејство.



Извор: „Штит„

_________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   23/10/2011, 23:55

само дали и тука да ставам слики како што правам на авицацијата преку imageshack оти имаа некој идеји како да се организира теренот во одбрана. А да теренто е клучен особено ако е тој терен е доста пошумен бидејки во тој случај непријателот треба да употреби пешадиски единици и твоите сили ке бидат израмнети
Вратете се на почетокот Go down
Тачка

avatar

Број на мислења : 48

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   24/10/2011, 07:28

постави... имаш низ иконите над полето за пишување текст, слика каде што ти пушува host an image, кога ке ја закачиш на нет ке одиш на сликата донеа, имаш image , па линкот стави го (direct link), ако е веќе поставена оди одма на image и копирај го линкот.
Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   27/10/2011, 00:45

Релефот на Макеоднија кој се состои од 45 проценти на планини

Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

avatar

Број на мислења : 277

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   27/10/2011, 08:45

Што значат овие бројките сини на мапава?

_________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   28/10/2011, 01:00

AlexGreat напиша:
Што значат овие бројките сини на мапава?

поволни правци по кој можат лесно да се движат оклопно механизираните едници на непријателот

Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   30/10/2011, 01:29

први движења на непријателот од југ

Вратете се на почетокот Go down
Тачка

avatar

Број на мислења : 48

ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   31/10/2011, 09:17

Ееее многу интересни карти кочов, а дали постјат некои планински правци и други правци кои не се поволни но низ кои сепак може да врват тенкови и други оклопни возила? дали низ планините може да се спречи продор на оклопни возила како и гасеничари? или оклопните возила може да поминат а тенковите не?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Воена географија   

Вратете се на почетокот Go down
 
Воена географија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 6Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Инженерија-
Отиди до: