ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Случувања во ДЗС

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next
АвторПорака
Зоран

avatar

Број на мислења : 3675

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   26/3/2012, 22:24

Уште да е обуката мулти - скил.
кај ке ни е крајот.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9236

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   20/5/2013, 16:42

Одбележан Денот на пожарникарството http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/1558/1?month=5&year=2013&day=20&desc=1
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   20/5/2013, 17:12

Незнаев дека и пожарникарите носат баретки. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   25/5/2013, 10:42

Пронајдени холандските туристи што залутале на Пелистер

Двајцата холандски туристи кои во текот на вчерашниот ден се загубија на падините на Пелистер се пронајдени неповредени, соопшти ДЗС.

Тимот за брз одговор за спасување на планини на Дирекцијата за заштита и спасување од подрачното одделение во Битола беа информирани за настанот во 15 часот од МВР Битола.

Тимот заминал во акција за пронаоѓање на загубените туристи во 16 часот, веќе во 19 часот туристите беа пронајдени на место викано Козји Камен и сместени во планинарскиот дом на Големо Езеро да преноќат.

- Станува збор за маж и жена на возраст од 35 години кои утрото тргнале кон двете езера на врвот на планината, познатите Пелистерски очи. Најверојатно од непознавање на патеката во еден момент се изгубиле, но добро е што телефонски пријавија дека имаат проблеми во шумите на планинната. По брза интервенција на петчлен тим за спасување во планина избран од ДЗС, туристите планинари од Холандија ги пронајдовме во месноста Козји Камен, изјави Димче Јошевски.

Холандските туристи кои ги користат можностите што Битола ги нуди за селско-планински туризам во едно од битолските села синоќа преноќиле во планинарскиот дом на Големо Езеро, а денеска со придружба ќе се вратат во селото каде што се сместени, информираа од регионалната канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

http://sitel.com.mk/pronajdeni-holandskite-turisti-shto-zalutale-na-pelister

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9236

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   27/9/2013, 11:55

Камилино“ ќе гаси пожар

Експертите се во тешка дилема дали оклопниот транспортер „М-113“, кој си го отслужил своето, со преадаптација ќе може да биде противпожарно возило



Контроверзниот армиски оклопен гасеничар „М-113“, познат на нашите простори под името „камилино“, ќе добие прекоманда во Центарот за справување со кризи и ќе се бори со огнените стихии во непристапните предели на земјава. Станува збор за оклопни транспортери, донирани од страна на САД во средината на 1990-тите години, за зголемување на борбената сила на АРМ, иако „камилиното“ поради лошите карактеристики беше исфрлен од сериозна борбена употреба уште во Виетнамската војна.

Информацијата со мала резерва ја потврдија и во Центарот за справување со кризи, велејќи дека ќе ги прифатат „камилината“ ако добијат зелено светло од прилепската фирма „Еурокомпозит“, која треба да даде експертиза дали оклопните транспортери со преадаптација ќе можат да влезат во ист строј со активниот противпожарен арсенал на земјава.

- „Еурокомпозит“ треба да направи процена дали проектот би бил исплатлив, колку ваквите возила би биле функционални и дали би одговарале на теренската конфигурација на земјава. Засега нема ништо конкретно. Целиот проект е во фаза на разгледување. Не е постигнат конечен договор - изјави Мишко Талевски, портпарол на ЦУК.

Досега единствено Данска има преадаптирано неколку „камилина“ во противпожарни возила за гаснење пожар во непристапни планински терени, каде што единствено оклопните гасеничари можат да дојдат до опожареното место. Сите други армии ги фрлија своите „камилина“ во старо железо, оти немаа каква било воена употребна вредност.

АРМ со стратегискиот одбранбен преглед пред неколку години конечно одлучи да се ослободи од 28 оклопни гасеничари од типот „М-113“, ставајќи ги во ставката расход. Дел од нив се „камилина“, а дел се донација од Грција со кодното име „леонидас“.

Високи армиски кругови тврдат дека отпишаните транспортери не биле испратени на топење оти за тоа требало да се плати. Соломонското решение било тие да му се отстапат на ЦУК, па тој да прави што сака со нив.

Дали и кога ќе дојде до конечна одлука за преземањето на транспортерите останува на експертите од „Еурокомпозит“.

Во прилепската фирма, освен што ја потврдија информацијата, велат дека сé уште активно работат на дадената задача од ЦУК и не можат повеќе ништо да кажат.

Оклопниот гасеничар „М-113“ е произведен во 1960 година во САД. Официјално е направен за транспорт на едно воено одделение од десетина војници и евентуално транспорт на стока и на воен материјал по непристапни терени и лоши калливи патишта. Корпусот му е направен од алуминиум, за да може да се транспортира со авион, и не дава никаква сериозна заштита од огнено оружје. Официјалните американски воени прирачници препорачуваат војниците да се заштитат во него со дополнително товарење вреќи со влажен песок, а штом стигнат на саканата дестинација, веднаш да го напуштат и да побараат засолниште.

Транспортерот „М-113“ нема официјално име или прекар, а во дваесетина напредни варијанти досега се направени 80 илјади возила. Нашиот транспортер е изработен во 14.000 примероци пред да биде напуштен поради слабите карактеристики покажани на своето огнено крштевање во Виетнам во 1964 година. „Камилиното“ има оперативен радиус на дејство од 300 километри резервоар од 300 литра, на асфалтен пат развива 38 километри, а брзината на движење по земја е 24 километри на час. Тежи 12 тона и совладува нагорнина од 61 степен.

Ако му се направи модификација по дански рецепт, може да добие резервоар за вода од 1.500 литри, а со него ќе управува двочлен екипаж.

И свинска кочина е прекар на транспортерот

Во светот оклопниот гасеничар „М-113“ се употребува(л) во педесетина земји и сите армии му дале различен прекар. За Германците тој бил свински брлог или кочина, Австријците го нарекле слон на ролерки, за Норвежаните е виетнамска канта за ѓубре, за Данците конзерва, за Грците „леонидас“, за Австралијците кошничка, за Израелците „зелда“... Оклопниот транспортер во земјите на некогашниот Источен блок, па и во СФРЈ, имаше коден прекар „камилино“.

Колекционерите ги чекаат со душа

Ако сепак Центарот за управување со кризи не се одлучи да ги земе „камилината“, постои солуција за нивно згрижување, нешто што долго го применуваат сите западноевропски армии и САД. Правилото е едноставно. Транспортерите се пацифизираат т.е. им се вади оружјето и потоа се продаваат на лицитација на љубители или колекционери на воени возила и опрема, а парите се користат за други цели во МО.

- Редно е Македонија да го направи првиот чекор и МО како во сите западни земји да почне да им ја продава отпишаната и застарена опрема на колекционери. Од една страна се добиваат пари, а од друга, наместо во високите печки, предметите ќе бидат спасени од уништување и зачувани за идните генерации - вели Звонко Велјановски, секретар од невладината организација Прима милитарија Македоника.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=612934213356&id=9&setIzdanie=21710
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9236

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   21/5/2014, 00:24

Со 20 минутно закаснување,да им го честитам денот на пожарникарите во Македонија...

малце ги имаме запоставено,ама не ги забораваме  Smile 

http://24vesti.mk/odbelezhan-denot-na-pozharnikarite
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   21/5/2014, 02:24

Честито!
Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 806

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   22/5/2014, 10:26

И , Македонија има свои потенцијални места каде што може да настанат големи поплави .
http://www.utrinski.mk/?ItemID=7FD73B0ED630F9478DC920D792BDA113
Еден од начините како богатите држави делуваат превентивно
http://a1on.mk/wordpress/archives/334334
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7802

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   22/5/2014, 16:38

Симулациона вежба „Сообраќајна несреќа со голем број на повредени и со изгореници“.







_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7802

ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   22/5/2014, 16:39






_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   

Вратете се на почетокот Go down
 
Случувања во ДЗС
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 5Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Безбедносни сили на РМ :: Дирекција за Заштита и Спасување - ДЗС-
Отиди до: