Примарна функција на овој хибрид од хеликоптер-авион е транспорт на пешадиски трупи од носачи на авиони и други бродови. "Osprey" (вид на речен орел) е летало со 7.5 метарски накривен роторски систем со пренос монтиран на двете крилја. Може да оперира како хеликоптер при полетување а да слетува како авион.
Штом е во воздух неговите мотори ротираат за 90 степени хоризонтално претворајќи го овој речен орел во брз турбопроп ефикасен авион. Крилјата ротираат за компактно сместување на товарот во авионот.
Во 1980 година Bell Helicopter и Boeing Vertol ги здружуваат силите со цел да развијат авион во голем размер од претходно преставениот XV-15 tilt rotor Demonstrator. Програмата била задолжена за производство на летала кои истовремено може да полетаат хоризонтално и вертикално. V-22 ги достигна сите очекувања на американската војска и на 19 март 1989 година започна масовното производство на овој чуден но многу корисен авион.
Многу експерти предвидуваат дека овој воздухоплов ќе го смени начинот на транспорт на трупите до борбените места, а во план е изградба на поголема верзија која би имала носивност колку познатиот C-130 Hercules.