ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 UH-60 Black Hawk

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3  Next
АвторПорака
AlexGreat

avatar

Број на мислења : 277

ПишувањеПредмет: UH-60 Black Hawk   12/10/2011, 00:12

Sikorsky Aircraft Corporation“ како една од водечките компании за производство на хеликоптери во светски рамки своите темели ги базира врз два модели кои се веќе докажани на бојното поле. Станува збор за хеликоптерите наречени „Black Hawk“ за потребите на армијата на САД и „Sea Нawk“ за потребите на американската морнарица. Оваа компанија е главен изведувач на хеликоптери од типот UH-60 за американската армија и тоа врз основа на програмата UTTAS – „Utility Tactical Transport Aircraft System“ со која од страна на американскиот Пентагон е добиено овластување за производство на повеќе од 1.200 модели од најновата генерација летала од типот „Black Hawk“ во текот на следните 25 години. Победата во програмата UTTAS се пресликува и на конкурсот при избор на морнарички хеликоптер под името „Sea Hawk“ (во превод морски јастреб) со ознака SH-60B, наменет за противподморничка и противбродска борба.



ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ХЕЛИКОПТЕР

„Black Hawk“ е повеќенаменски хеликоптер кој е адекватен за извршување на општи мисии како транспорт на
војници, снабдување со товар (продукти и муниција) и обезбедување огнена поддршка. Според побарувањата на
програмата UTTAS хеликоптерот морал да биде така конструиран за да може да се транспортира со авионот
С-130 (две парчиња во една тура) или со транспортниот авион „Галаксија С-5А“ (пет парчиња во една тура). Во основа „Црниот сокол“ е практичен, сенаменски хеликоптер кој може да изведува повеќе видови посебни операции,меѓу кои и операции за инфилтрација и ексфилтрација на војници, потоа барање и спасување (SAR) и борбено барање и спасување (СSAR) за кое се користи верзијата HH-60G „Pave Hawks“, медицинска евакуација (една од подобро опремените санитетски варијанти), транспорт на повредени војници, електронско и противелектронско војување до 960 km), интернационални телефонски и телеграфски безбедни дигитални MRF-трансивери и безбеден интерком користен за интерна меѓу екипажна комуникација.



WEAPONS CONTROL SYSTEM

Овозможува идентификација на цели и контакти. Во себе ги вклучува следните потсистеми: Тactical Data Management Terminal, Armament Controls Indicator Set и Laser Target Designator.




DEFENSIVE COUNTER-MEASURES & IFF SYSTEMS

Систем кој овозможува поголема будност на екипажот и негово алармирање во случај на опасност, како и давање помош при опасност од проектили. IFF-системот овозможува препознавање на воздухопловите, односно дали тие се пријателски или непријателски. Системот во себе ги вклучува следните потсистеми: инфрацрвен „counter-measures“ сет, инфрацрвен систем за супресија, електрооптички систем за алармирање од ракети, специфичен
рисивер за алармирање за определена закана, бикон за идентификација на пријател/ непријател и т.н. „Tracor
Chaff/Flare Dispenser Radar-Jamming Cartridges“.



STANDARD SURVIVAL KIT

Сетот за заштита и преживување, покрај пилотското одело и шлемот, опфаќа и елек со неопходна опрема за преживување.
Останатата опрема вклучува пиштол и доволно муниција, водоотпорно радио, доволно количина на вода, батерии, две рачни ракети, еден ракетен падобран, компас, мало огледало за сигнализација, нож, мал корисен сет (куки за ловење риби, запалка и сл.) специјална храна доволна за снабдување на една личност до пет дена и основен комплет за прва помош (аспирин и други лекови, завои, средства за дезинфекција и слично).


ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА:


OUTBOARD ELECTRIC UTILITY / RESCUE HOIST

Дигалка за спасување со челично јаже во должина од 60 m и максимална тежина за кревање товар до
270 kg;

DOOR-MOUNTER UTILITY SEARCH-LIGHT

Хеликоптерско светло со поголем дострел наменето за барање и спасување;

ECM SYSTEM

(само за верзијата EH-60C) – систем за лоцирање, мониторинг и попречување на непријателски комуникации, како и детекција на движење на непријателските трупи на оддалеченост од најмногу 240 km.

MEDICAL TREATMENT SYSTEMS

(само за верзијата UH-60Q). Системот содржи широка палета медицинска опрема за укажување медицинска помош на лице место (во хеликоптерот), на пат при поголеми далечини или во итни ситуации.

SPECIAL WARFARE SYSTEMS

(достапен е за верзиите HH-60K & MH60G). Воздухопловите за барање и спасување треба да бидат оперативни
на поголеми далечини и за подолго време. Токму затоа како дел од овој систем се и системот за дополнување на гориво во лет, дополнителното интерно гориво и др.



COMMAND SYSTEMS

(само за верзијата VH-60A). Хеликоптерите за т.н. VIP-превоз треба да има одредени доопремувања во согласност со нивната мисија. Системот во себе вклучува специјален систем за комуникации, удобен ентериер, звучна заштита, дополнителна оклопна заштита, надградена авионика, опрема за дополнување на гориво во лет, систем за видеоснимање и трансмисија и др.

ASW SYSTEMS

(само за верзијата SH-60R). Овие системи ги користи воената морнарица за противподморничко војување. Системот во себе ги вклучува следните потсистеми: сонар-сензор (до длабочина од 200 m), дополнително интерно гориво, радар за површинско пребарување, т.н. dipping-сонар, интерен детектор на магнетни аномалии, систем за видеоснимање и трансмисија т.н. DAF Indal RAST-систем и др.




ИЗВОР: „Штит„





_________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
filip555

avatar

Број на мислења : 94

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   3/4/2012, 21:22

Како што би рекле Американците ''Heartbreaking'' Very Happy

_________________
"If you want peace, prepare for war."
Flavius Vegetius Renatus. Roman Military strategist. c. 390. A.D
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   8/6/2012, 21:57

Кого го интересира на Аеродром Петровец има 2 Black Hawk. Не се плашете не се наши lol!

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   8/6/2012, 21:57

Ако си во можност направи 2 фотки Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7923

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   30/11/2012, 02:07

Како се перат UH-60 во Минесота. Laughing




























_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9448

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   25/12/2012, 15:43

Вратете се на почетокот Go down
Goran Apostoloski



Број на мислења : 113

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   29/4/2013, 14:20

овие погоре сликите од Минесота,вистински се или фотошоп,ако е вистина значи почесто од мене хеликоптериве доживуваат топла купка со пена Glava v zid Glava v zid Glava v zid Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Goran Apostoloski



Број на мислења : 113

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   29/4/2013, 14:32

за што пари мозе да се изгребеме за 8-10 вакви машини мислам на УХ-60Л варијантата,под услов да се користени максимално 10 години,а подобро е новата М-Мајк верзија нова да се набави макар и на кредит,и да бидеме едни од ретките во Европа кој го имаат овој убавец lol! ,инаку паметам во касарна Илинден точно пред 10 години кога слета еден Блекхок,не можев да му се изнагледам,значи да се тркне до Петровец-to relive that wonderfull moment Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7923

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   29/4/2013, 14:43

Goran Apostoloski напиша:
овие погоре сликите од Минесота, вистински се или фотошоп
Вистински се. Smile

Goran Apostoloski напиша:
инаку паметам во касарна Илинден точно пред 10 години кога слета еден Блекхок, не можев да му се изнагледам
Значи горе долу сме биле исто време во Илинден (2002/2003). И јас ги паметам кога слетуваа секој петок и претпоставувам носеа залихи за нивните војниците кој беа во Илинден. Smile

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

avatar

Број на мислења : 1287

ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   20/12/2013, 13:30


_________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: UH-60 Black Hawk   

Вратете се на почетокот Go down
 
UH-60 Black Hawk
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 3Отиди на страна : 1, 2, 3  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Воздухопловство и ПВО :: Хеликоптери-
Отиди до: