ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share
 

 Ловно оружје

Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 9 ... 15  Next
АвторПорака
Alvar

Alvar

Број на мислења : 9008

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty9/12/2013, 01:12



Benelli Raffaello Power Bore 12



Browning A5

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf

Број на мислења : 765

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty9/12/2013, 23:36

Добри се, добри. За бенелито од прва рака можам да кажам дека се одлични пушки иако времето кое ја имам пушката и бројот на испукани куршуми не се некој репер за тоа.Имам испукано преку 100 куршуми, различни марки, различна гранулација и различна грамажа од најлесни спортски трап куршуми со 24г сачми до тешки магнуми со 50-53-55г сачми и досега сум немал ни еден застој. Со еден збор пушката голта се, само полни што ќе ти дојде при рака и пукај.
Е сега со скромното ловно искуство што го имам работите малце се сменија, праксата ме натера да го сменам мислењето за полуавтоматите во корист на двоцевките. Единствената предност која ја фаворизирав кај полуавтоматите - поголемиот капацитет на магацинот се покажа дека во пракса не значи ништо. Малата маса кај полуавтоматите не би рекол дека е некоја голема предност пошто данокот ќе го плати рамото. Еве на пример мојата ја мерев на дигитална вага, тежи 2915г, а капата од кундакот не е нити обична гума туку пластика. Летно време кога ќе пукав со магнум муниција со полнење од 50 и кусур грама олово, трзајот ај да не претерам ама е баш машки. 4-5 куршуми и рамото е целото поцрвенето. Имав правено некои пресметки за енергијата на трзај и споредував со енергиата на трзај на други калибри, излезе дека 12магнум од пушка лесна 2.9кг има ист трзај како пушки за лов на слонови во калибар .458.
Една голема предност која сеуште останува на страна на полуавтоматите наспроти двоцевките е можноста да се расклопи цела и да се дојде до најситните делови од механизмот без претходно никакво знаење и без ризик дека нешто може да заебите. Еве на пример за рутинско чистење и подмачкување на механизмот за чкрапање и полнење кај полуавтоматот потребно е да се избие една чивија и тој како еден склоп е надвор за секунда. Кај двоцевките(освен оние со blitz механизам), за да се извади механизмот потребно е да се извади кундакот, а ако се прави тоа многу често можно е кундакот да се разлабави.
Од друга страна предностите кај двоцевките се поголеми. Како прво, со иста должина на цевки полуавтоматот е подолг од двоцевката за добри 15тина цм. На терени со густа вегетација да се протнуваш со пушка долга како копје и те како е тешко. Друга предност кај двоцевките е кочницата која е поставена на вратот на кундакот и нејзиното активирање и деактивирање е многу природно и лесно. Ова е многу битно за инстиктивно и брзо гаѓање кога дивечот го гледате само една секунда и потоа веќе го нема. Кај полуавтоматите, односно кај најголем дел од нив кочницата е crossbolt тип, односно е поставена попречно веднаш зад чкрапалото и нејзиното активирање и откочување(е ова е битно) и не е толку природно и брзо. Единствено знам дека мосберг полуавтоматите и пумпариците имаат кочница поставена како кај двоцевките. Трета голема предност кај двоцевките е полнењето, празнењето и менувањето на муниција со различна гранулација или грамажа, односно џенталменскиот брз, тивок и чист начин на кој се прави тоа. Кај полуавтоматот тоа го нема. Следно, можноста за бирање на цевка од која прво ќе се пука - со поситни или со покрупни сачми, прво послабо чокирана, па појако чокирана цевка итн, итн.
Да не го спомнувам филингот кога на рамо ќе ставите двоцевка со хоризонтално поставени цевки(чифте) и напред на шината гледате крупна месингена мушица наместо црвена фиберглас цевка, мераци.
Е затоа за следната сезона ќе барам да купам чифте(да не ме разберите погрешно, не дека не можам да гаѓам со бенелито, напротив учинокот ми е 100% Cool ) и тоа ќе гледам да купам некое евтино да не ме боли многу срцето како кога ќе видам некоја гребаница на кундакот од бенелито.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar

Број на мислења : 9008

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty10/12/2013, 00:20

Гледав евтини Бајкал чифтиња во Про Спорт, мислам беа околу 12-13.000 денари. Едноцевката беше смешни 7500 денари. Smile 

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf

Број на мислења : 765

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty10/12/2013, 00:41

Takvo i mislam da zemam iz43, barem nema da go zalam tolku. Na benelito imam 5-6 mali grebanici na kundakot i 2-3 na metalot abe bolen ke padnev.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 5817

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty10/12/2013, 00:56

А шо квалитет е Бајкалот во споредба со другиве што се нудат кај нас?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar

Број на мислења : 9008

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty16/12/2013, 19:44

Абе што нема да им текне.  Laughing 
http://www.flowershell.com/


______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

beowulf

Број на мислења : 765

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty24/12/2013, 17:26

Еден мал тест за тоа колкав удар имаат куглите на 15тина метри во челична плоча со дебелина од 5мм.

Ловно оружје - Page 4 310_zps49d013b4

Ловно оружје - Page 4 311_zpsef7f5277

Горе лево Белом кугла, горе десно Нобел Спорт кугла, долу Ламбро кугла, а како шлаг на тортата беше еден фишек со сачми четворки(4.5мм) кои не успеаја нити рѓата да ја паднат. Додуша со 4ките беше пукано од 40тина метри, а со куглите од 15тина метри.

Ловно оружје - Page 4 312_zpsfecf42eb

Ловно оружје - Page 4 313_zpsde85122e

Ефектот! Twisted Evil Плочата не ја пробуши нити една кугла ама затоа и трите направија солидни кратери. Најдлабок кратер остави италијанската Нобел Спорт кугла која е копија на германската Бренек гугла, а кратерот во плочата е околу 17-18мм длабочина. Грчката ламбро и српската Белом кугла се копии на Галанди кугла, а кратерот што го направија во плочата е окоу 15мм кај Ламбро куглата и околу 13мм кај Белом куглата. Следен тест што ќе го направам ќе биди со грчки ламбро магнум кугла од 39г. Овие трите од тестот беа стандард кугли од 32г.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 5817

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty24/12/2013, 19:35

Импресивно, браво Бео за тестот! Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce

Број на мислења : 10550

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty24/12/2013, 22:52

 Twisted Evil  Twisted Evil  Twisted Evil 

Ловно оружје - Page 4 1526830_10201980795635994_298837263_n
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG

Број на мислења : 5817

Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty25/12/2013, 01:15

Ти го сликаше генералов? Smile 
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




Ловно оружје - Page 4 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Ловно оружје   Ловно оружје - Page 4 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Ловно оружје
Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 15Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 9 ... 15  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: