ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Yakovlev Yak-130D

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next
АвторПорака
РИС



Број на мислења : 815

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   10/9/2014, 23:39

Неможе 2 или 4 , или 12 или ниеден . Wink И 12 авиона се ништо ако споредиме со Грчкото воено воздукопловство , тие 12 може да служат само за аеропилсинг односно чување на нашето небо во мирнодопски услови и евентуално во антитерористички и антигерилски дејствија . Wink
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

avatar

Број на мислења : 1287

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   14/9/2014, 00:38

12 ? Колку му се движи цената на ова лепотанче ?

Над 15 милиона долари(2010 година) , 12 парчиња ??
Знаеш кога ние ќе плукнеме над 180 милиона, за авиони ? Laughing

_________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
JKD

avatar

Број на мислења : 3140

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   14/9/2014, 02:27

За да изградиме армија која ќе се чува и брани од Грција,Турција,треба огромни купишта на пари.

Ама да изградиме армија за одбрана од герилска и терористичка војна,односно нешто како 2001 но во поголем обем,верувам дека можеме.3 сухои знаеме колку работа завршија,и тоа ми се чини само во тетово беа пуштени 2,на другите места по 1 завршуваше работа...додај на тоа и хеликоптери,добри транспортери и тенкови,беспилотни летала и решен проблем.
Вратете се на почетокот Go down
fighter

avatar

Број на мислења : 68

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   14/9/2014, 14:24

Ha ha ha demek so Jak 130 ke cuvas nebo od Grcite. Jakot e dobar (mozda) za protivgerilska borba i napredna obuka ako se sporedi so tukano ili Pilatus (vo odnos na cena) ama ne sum slusnal da e lovec presretnuvac.
Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 815

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   14/9/2014, 14:56

Школско-борбениот ЈАК-130 си има развојна програма , која за жал е сеуште на хартија , каде една од варијантите е и ЛЕСЕН ЛОВЕЦ-БОМБАРДЕР со кој земји како нас би можеле да се тешат дека би имале ловечка авијација во МИРНОДОПСКИ УСЛОВИ а не за војна со Грција .Мирнодопско патролирање не е за војна со Грција него за не дај боже соборување на киднапирани авиони и слични работи .Моментално единствен лесен борбен авион кој може да се нарече повеќенаменски и да послужи како ловец е КАИ Т-50 Ф/А.
Школско-борбен авион не е исто што и Лесен борбен авион . Wink
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   14/9/2014, 17:11

Не се согласувам со наведеното.

Јак-130 е авион кој се користи во Руското ВВ, кој е веќе извезен во друга земја, и кој е потентно машинче.

Точно е дека не може да се мери со некои други чистокрвни ловци, но е одличен во својата намена, а таа е обука на пилоти кои во иднина треба да пилотираат со чистокрвни ловци, ловци-бомбардери... односно за земји кои планираат или имаат фикснокрилна борбена авијација.

Тука може да се смести и BAE Hawk, Аеромачи М-346... значи не е само КАИ Т-50 во игра. При евентуална војна со Грција, кога веќе споменуваш, не би ти помогнало ништо, ако го немаш во доволни бројки. Значи и да имаме 15 парчиња Ф-15 нема да имаме некое фајде, бидејќи од другата страна ќе бидеш напаѓан од десет пати поброен непријател со Ф-16 и Миражи.

Доколку имаме намера да имаме фикснокрилна борбена компонента во нашето ВВ, тогаш треба да земеме воздухоплов кој најефикасно ќе одговори на нашите потреби односно кон потенцијалните закани. Според мене, тоа не е Грција, бидејќи, како што кажав, со ништо друго освен со најмалку 2-3 ескадрили, не можеш да ја одвратиш од напад.

Нас ни треба авион кој ќе може да одговори на задачите: континуирана обука на нови кадри, чување на аеро територијалниот простор (ер-полисинг), можност за прецизно дејство по цели во воздух, земја и вода - кои може да се потенцијални загрозувачи на нашиот тери-аеро-аква торијален суверенитет и интегритет.


Било кој воздухоплов кој може да одговори на овие задачи, за нас е добар. Притоа треба да се внимава истиот тој систем (одржувањето) да биде што поисплатив, а и со неговата набавка да се купи и политичка поддршка.

Е сега, ова настојува секоја земја на светот да го направи, но тоа веќе не е во наша надлежност и интерес тука на форумов, така да... Smile



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9448

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   17/9/2014, 22:02

Не е ЈАК-130 но е неговио постар брат T-346A,и им припаѓа на братски сингапурски народ...







Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 815

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   17/9/2014, 22:48

Аеромачи М-346 нема шанси да е постар од ЈАК-130 . Wink
Вратете се на почетокот Go down
fighter

avatar

Број на мислења : 68

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   20/9/2014, 11:23

РИС напиша:
Аеромачи М-346 нема шанси да е постар од ЈАК-130 . Wink
Рис ,-Аеромачи М-346 и Јак 130 е истиот авион. Развојот на тој авион почна како кооперација меѓу Јаковљев и Аеромачи. После распадот на СССР русите немаа средства да го продолжат развојот на својот школски авион кој победи во трката со Миг и други компании кои дизајнираат воени авиони. Испитувањата беа изведувани во аеротунелите во Италија и после тоа како шо читав наводно заради несогласувањето каква опрема да се користи секој си го направи со своја опрема и средства. Најверојатно тука има и договор за распределба на пазарите. Аеромачи продава на западните земји а Русија на своите партнери. Има уште многу да се пише ама основата е ТОА Е ИСТИОТ АВИОН
Шо се однесува дека не може 2 или 4 авиони , тука си грешка. Русите на повеќето свои муштерии им продале помалку од 12 авиони. Мислам дека на Алжир беше 4 меѓутоа со друга воена опрема. Можда ако сакаме да купиме само 4 Јак 130 тоа држи.
Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 815

ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   20/9/2014, 21:56

Знам дека е исти авион .СТОП ,јак-130 прв лет 1996г , м-346 прв лет 2004 .СТОП , 12 АВИОНА за воздухопловствз кои немат никаква друка фикснокрилна авијација за тешење СТОП , Алжир 16 парчиња СТОП . Wink
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Yakovlev Yak-130D   

Вратете се на почетокот Go down
 
Yakovlev Yak-130D
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 4Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Воздухопловство и ПВО :: Авиони-
Отиди до: