Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)

Go down 
+16
leopard
Legija91
Hivemind
Iko
beowulf
filip555
Генерал
Зоран
Alvar
Wolf
AlexGreat
maco
Profesionalec
Makedon
SIG
Momak od Gjorce
20 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 23 ... 45  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 00:47

Општо за митралези ...
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 01:07

МГ-42 , М-53 (ШАРЕЦ) и МГ-3

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Mg42d

Независно од воената употребата од над 60 години и денес пушкомитралезот МГ-42, односно верзиите М-53 и МГ-3, во воениот свет претстав ува едно од најдобрите оружја, изразено како синоним на моќ, издржливост и квалитет, кој е докажан ширум светот.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Mg3_01

Основната намена на пушкомитралезот МГ-42, а со тоа и на верзиите М-53 и МГ-3 е уништување и неутрализирање на непријателска жива сила,маскирани цели, транспортни возила, летала на мали височини, дејствување по мали бродови и друго.М-53 се користи како лесен пушкомитралез кога користи бипод-ногарки и како тежок митралез кога го користи трипод постаментот.Кога М-53 се користи како митралез(на постамент ) со него може да се дејствува до далечина од 1.000 m, а кога се користи како пушкомитралез до далечина од 800 m. Со М-53 како митралез најдобри резултати се постигнуваат на далечина од 600 m, а како пушкомитралез најдобри резултати се постигнуваат на далечина од 500 m. При групирано дејствување на два или повеќе митралези може да се уништи или неутрализира жива сила на далечина до 1.500 m.При дејствување врз летала или врз падобранци најдобрирезултати се постигнуваат до далечина од 500 m.Од
М-53 може да се дејствува со кратки рафали (5 до 10 куршуми), долги рафали (15до 20 куршуми) и непрекината стрелба (до 150 куршуми по цевка).Инаку крајниот дострел на зрното истрелано од М-53 изнесува 5.000 m. Оружјето се полни со реденик од 50 куршуми. Од боева муниција се користат куршуми со обично универзално зрно М-49, обележувачко М-54 или пробојно-запаливо зрно, додека за обука се користи школски и маневарски куршум.За време на Втората светска во на за борците на македонската армија пушкомитралезот МГ-42(популарно наречен „шарец”) бил едно од најмоќните оружја, со кое за брзо време можело да се изведе или да се спречи напад, притоа нанесувајќи му големи загуби на непријателот.Поради овие причини ова оружје било доделувано само на прекалени борци, кои и по цена на сопствениот живот не дозволувале пушкомитралезот да падне во непријателски раце. Денес во арсеналот на пешадиски оружја коиги поседува АРМ има големи количества од пушкомитралезот М-53, кои се наследени од ТО. Во состав на военотехничката помош, со цел модернизација и приспособување на АРМ кон стандардите на НАТО,од нашиот сојузник САД, за потребите на АРМ се донирани и 703 пушкомитралези МГ-3.Верзијата МГ-3 е создадена за потребите на НАТО и поседува калибар од 7,62 mm, односно ја користи муницијата 7,62х51 mm.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Sarac

Пресек на пушкомитралезот МГ-42
1. Кундак
2. Утврдувач на носачот од кундакот
3. Носач на кундакот
4. Кочница
5. Дршка
6. Чкрапало
7. Запнувачка
8. Прекинувач на стрелбата
9. Одбивник на цевката
10. Сандак
11. Цевка
12. Сокривач на пламенот
13. Преден нишан
14. Навлака
15. Заден нишан
16. Глава на затворачот
17. Ударна игла
18. Внатрешен лизгач науводникот
19. Тело на затворачот
20. Спојница
21. Разводен лост
22. Капак на сандакот со воведник за муниција
23. Повратна ударна пружина
24. Пружина за ублажување на ударот

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) M_53_SARAC
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 01:42

МГ-42 е навистина змеј!

Ние во АРМ имаме и од постарите и од поновите мислам така? Дури постариот викаат дека е подобар од поновиот...има поголем rate of fire.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 15:01

Frogfoot напиша:
МГ-42 е навистина змеј!

Ние во АРМ имаме и од постарите и од поновите мислам така? Дури постариот викаат дека е подобар од поновиот...има поголем rate of fire.


Немаме од постарите односно МГ-42,туку имаме М-53 (Шарац,Шарко) југословенската версија на МГ-42,а најновата верзија МГ-3 е монтирана на Xамерите... Smile


Последната промена е направена од Momak od Gjorce на 8/12/2011, 15:57. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 15:44

Застава М-84 во 7.62мм

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Zastava_M84

Митралезот е копија на советскиот „митралез на Калашников“, односно „Пулемјот Калашникова“ (прев.рус.) – ПК 7.62. На прв поглед се забележу- ваат две важни разлики: ПК има кундак со отвор, додека кај М-84 кундакот е солиден. Кај советските/руските верзии на ПК, кун- дакот однадвор е со надолжни жлебови за подобро ладење, додека кај М-84 цевката е мазна по целата должина. Освен основ- ниот модел ПК е наменет за пешадиските единици. Поранешната ЈНА добила и копија на ПКТ-моделот М-86 7.62 mm без кундак со кабел за електромагнетно чкрапање, на- менет за вградување во оклопни возила. И двете варијанти (84 и 86), покрај мирновре-менската употреба, беа користени во сите војни кои се случија на просторот на пора- нешна Југославија, вклучително и во вое- ниот конфликт во 2001 г. во Р.Македонија. ПК или ПКМ и нивните копии, вклучително и М-84, многу често може да се видат во ра- цете на „сините“ и на „црвените“ момчиња денес на секој континент затоа што ги ко- ристат сите завојувани страни во актуелни- те конфликти и регуларните безбедносни сили ширум светот. АРМ го користи овој пушкомитралез уште од самото формирање сè до де- нес. Покрај за „домашна употреба“, М-84 е и неопходна алатка на контингентите во Ирак и во Авганистан, како пушкоми- тралез на ногарки за поддршка на ти- мот или на одделението, или митралез монтиран на некое борбено или небор- бено моторно возило или на постамент.Искуствата од неговата употреба велатдека единиците не би го менувале М-84 за ниеден сличен од западно потекло.
На македонските возила користени во бор- бените зони во Ирак и во Авганистан, че- стопати се одбива или се демонтира од возилата „Бровингот“ со калибар од 12.7 mm за да отстапи место на „осумдесет и четворката” со калибар од 7.62 mm. Во спо-редба со М-84 „Бровингот“ е речиси два-пати помоќен и има речиси двапати пого-лем дострел, но, искуствата кажуваат дека „осумдесет и четворката“ никогаш досе-га не изневерила во случај на потреба од притискање на чкрапалото.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) 1650954palpolice300

Основни карактеристики:

Маса на митралезот: 10 kg
Маса на митралезот со постамент: 15 kg
Маса на цевката: 2.6 kg
Маса на реденик со нанижани 100 куршуми: 3.8 kg
Маса на реденик со нанижани 250 куршуми: 9.4 kg
Маса на постаментот: 5 kg
Дол жина на митралезот: 1175 mm
Дол жина на нишанската: линија 663 mm
Почетна брзина на зрното (Vo): 825 m/sek.
Теоретска брзина на гаѓање: 700 куршуми/min.
Практична брзина на гаѓање: 250 куршуми/min.
Краен убиствен дострел на зрното: 3800 m
надесно на жлебена Цевка: 4 жлеба – полиња

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Max_elevacija

Митралезот М-84 со калибар од 7.62 mm е наменет за унишување и за неутрализирање на откриени и на ма- скирани важни поединечни цели, за неутрализирање на огнени средства на непријателот кој дејствува од за-солниште, од бункер или од утврде- на зграда, потоа за уништува е или за онеспособување на неоклопни или по- слабо окл пни моторни возила и за уништување на цели во воздух (пред сe хеликоптери или нисколетечки авиони). Исто ака, може да дејстува и на цели на вода во рамките на редвидениот ефи-касен дострел. Митралезот е составен од орудието, по-стаментот и од резервниот алат и при-бор. Послугата на митралезот ја сочинува- ат нишанџија, помошник на нишанџијата и донесувач на муниција. С те тројца мора да се оспособени за сите должности. Честопати со митралезот опслужува само еден од послугата, а тоа е нишанџијата или митралезецот. Искусниот митралезец знае како да ја распореди муницијата на тимот или на одделението, а митралезот го носи во рака на ремник, подготвен за п ддршка на останатите во секој момент. Релатив- но помалата маса од своите конкуренти го чини поволен за дејство од возила, од воз- духоплови (хеликоптери), од клопни бор- бени и од неборбени воени моторни вози- ла, од пловила итн. Внатрешната механика на митралезот е на добро познатиот принцип на работа на позајмица на барутни гасови, како и кај АК-47. Затворачот, сместен о носачот на затворачот, ротира при забравување/ одбр вување на куршумот во лежиште- то на цевката. Ударната игла слободно се движи во своето лежиште и може да се из- вади без никаков алат од затворачот за- ради ч стење или заради замена со нова. Со дел од барутните гасови ослободени од полнењето на куршумот се потис ува кли- пот на носачот на затворачот кој, за раз- лика од Апу М-70, чиј гасен систем е сме- стен над цевката, кај М-84 гасната комора и носачот на клипот со затварачот се сме-тени во „долната цевка“, односно во гас- ни т цилиндар кој се наоѓа под цевката. „Хранењето“ со мун ција од реденикот е одозгора (за разлика од рамка или бара-бан кои најчесто се вметнуваат во оружјето од долната страна).

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Puskomitraljez_m84_bez_optike

Митралезот користи 7.62 х 54Р (R=Rimmed) муниција и тоа бојни куршуми со обично зрно со челично јадро, тешко зрно о оловно јадро, обележувачко зрно, пробивно запаливо рно, пробив- но запаливо обележувачко зрно и мане- ва ски куршум (без зрно). Куршумот по- текнува уште од ца ска Русија, наменет за пушките-репетирки „Мосин-Нагант“. Од 1891 година до денес овој куршум сeуште се корис и, пред сe за пушкомитралези- те и за митралезите од ПК и „СВД Драгу-нов“, за снајперските пушки (советско/ру-ско производство), како и за копиите и за дериватите на рускиот оригинал. Куршу- мот се покажал како доб р и не случајно сe уште е во употреба. Оваа муниција се ол-ни во реденици од по 50 куршуми кои мо-жат да се споуваат по потреба, на 100 илина 250 куршуми или во друга омбинација. Муницијата во реденици се складира во мунициски кутии од по 100 (мала му- нициска кутија) и 250 (голема муници- ска кутија). Во борбениот комплет (б/к) за еден митралез е предвидено 950 куршуми во реденици (на често распо- редени во 3 големи и 2 мали кутии). За раз ика од митралезите од западно по- текло каде што реденикот се распаѓа на делови кои отпаѓаат – М84 користи реде-ници кои по испукувањето повторно мо- жат да се наполнат со муниција. Оваа по- еконимична опција овозможува повторна употреба на испразнетиот реденик со по- мош на посебен полнач на муниција во ре- деници, б з да се добива муниција од сан- дак – во реденици. Полначот на редени- кот со муниција се состои од механиз м за полнење, од рачка и од стега, а полнењето се врши рачно.На секои три митралези следува по еден ваков п лнач.Како и кај секое оружје, во комплетот доаѓа прибор кој се состои од веќе споменати- те 5 мунициски кутии аде што има: 19 реденици за муниција, метална прачка, и влекувач на чаури, лента за врзување на кутиите, ремник за митралезот, поста- мент, избивач, четка, кантичка со масло, додаток-засилувач за повлекување (за маневарска муниција), футрола за ми- тралезот и платнена торба. Во внатреш- ната страна на ногалките има шипка за чистење расклопена на 3 дела.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) M84_02

ЕФИКАСЕН ВО БОРБА

Митралезот М-84 може да дејствува на непријателска жива сила или на цели во воздух до 1000 метри. При дејство со не- надеен оган ефикасниот дострел се на- малува а 600 метри. Група митралес- ци може да дејствуваат на е на цел до 1500 метри. Поставен на постамент за да дејствува по цели на земја со утврдени но- галки и со употреба на граничникот на по- стаментот може да се поместува до околу 70 степени по фронт (дејство напред, лево и десно по 35 степени). Овој граничник има 58 заби и секој од нив има вредност од 0-50 илјадити или околу речиси 3 минути (2 мин и 52‘). При дејство на цели во воздух може да се поместува 360 степени, без по- треба од преместување на постаментот. Со митралезот може да се дејствува со фронтален оган кога се дејствува директно на предниот крај на непријателската коло- на, потоа бочен оган – со кој се дејствува од косо во однос на целта, вкрстен оган – кога два или повеќе митралези дејствува т на една цел, оган од позадина – кога се дејствува зад епријателските формации или поединечни цели со изв нреден ефект затоа што најчесто се изненадување. Коректурата при гаѓање зависи од директното набљудување на импактот на снопот на зрната врз и околу целта. Ова значи дека стрелецот-нишанџија мора да знае, одно- сно да види каде му се погодоците, односнода има информ ција од набљудувачот–по- мошник, дали има отстапување по правец и по далечина. Кога се дејствува на цел која се наоѓа на песокливо, земјено тло или на вода,ударот на снопот е видлив па корек- турата е изводлива бидејќи зрната ќе кре- нат прашина при ударот. Кога се гаѓа на цели кои се на подлога како карпест терен, или, пак, на цели во воздушниот простор, потребно е во реденикот да се вметнат и куршуми со обележувачко зрно кои мора да се рамномерно распоредени во однос 2:1, однос о секој трет куршум да биде обе- лежувачки. Со кратки рафали до 10 куршуми истрелани во рафал се гаѓа на по али цели и на пома- ли групни цели. Со долги рафали се гаѓаат поголеми групни цели (неоклопни возила, пешадија и др.), со ширина не поголема од 0-10 , односно десет илјадити. Со долги ра- фали се дејствува и на помали цели на дале- чини над 600 метри, кога набљудувањето на ударот на снопот на зрната е оневозмо- жен или отежнат. Протокот на гасови кои минуваат од цев- ката кон г сната комора се регулираат со регулаторот на гасови. Овој дел овозможу-ва проток на поголема или на пом ла коли- чина гасови во зависност од бројот на ис- пук ни куршуми, од временските услови итн. На пример, „Позицијата 1“ на регула- торот се користи кога со митра езот е испу- кано 3000 и повеќе куршуми и ова е основ- на а позиција на регулаторот на гасови. „Позицијата 2“ се користи кога затворачот целосно не се враќа во задна положба (на пример: ако со оружјето се испукани голем број куршуми), а „Позицијата 3“ се поставу- ва кога митралезот нема постигнато 3000 куршуми или во екстремни климатски усло- ви на дожд, на ниски температури, ко а има многу остатоци од барутни гасови-гареж, итн). На митралезот може да се монтира дне- вен оптички нишан ОН М80 од левата страна на митралезот на лизгачка шина. Со ова се овозможува нишанење на по- големи далечини од механичкиот нишан бидејќи зголемувањето е трипати поголемо. Во приборот на оптичкиот нишан се наоѓа и филтер за светло кој ја намалува релфексијата и ов зможува подобра вид- ливост на кончаницата. Од останатите де- лови од приборот има фланелска крпа за чистење, четка и одвртка за затегнување на нишанот за носачот. На кончаницата на оптичкиот нишан е означена н јголемата далечина на нишанење -15, односно 1.500 метри. По потреба, на митралезот може да се мон- тира и паси ен ноќен нишан, ПН-80, кој може да нишани и да дејствува во услови на намалена видливост, па и ноќе, на дале- чини до 500 метри.

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) M84_01

Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty8/12/2011, 21:15

MG-3 на нашите Хамери!

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Arm50660016
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Arm343p3z6
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty14/12/2011, 15:35

Frogfoot напиша:
MG-3 на нашите Хамери!

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Arm50660016
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Arm343p3z6

Кога беше отворениот ден на АРМ 18 август, на воениот стаион беше и новиот хамер (хамви) со МГ-3, самите момци од ВП рекоа дека во брзо ќе биде сменет во Browning M2, пушка на која највеќе и веруваат и нема никогаш заглавено!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty14/12/2011, 18:49

Ух, не би се сложил, М2 Бровинг има заглавувано колку што мислам, а и шарецов е доста поуздан.Додуша и различен калибар се, Бровингот М2 е 12.7.

А ние немаме ДшК да им ставиме како на Хермелините? Или Бровингот е подобар од ДшК?

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

Makedon


Број на мислења : 158

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty14/12/2011, 19:02

Profesionalec напиша:
Ух, не би се сложил, М2 Бровинг има заглавувано колку што мислам, а и шарецов е доста поуздан.Додуша и различен калибар се, Бровингот М2 е 12.7.

А ние немаме ДшК да им ставиме како на Хермелините? Или Бровингот е подобар од ДшК?

Browning-от е 100 пати подобар од рускиов ДШК, ова е информации добиени од момците таму. Шарацот е 7.9мм и на еден реденик од 150 куршуми заглавува обавезно и ќе го менуваат, рускиот е поуздан ама многу тежок и заедно со куполата од композит возилата го губат тежиштето, а броњнингот е страва и тој ќе биде монтиран, овој митралез е толку добар што е ставан во авиниоте Ј-22 Орао и Г-4 Супер Галеб уште во време ЈРВ и ПВО.
Вратете се на почетокот Go down
maco




Број на мислења : 1

Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty28/12/2011, 22:26

Makedon напиша:
Profesionalec напиша:
Ух, не би се сложил, М2 Бровинг има заглавувано колку што мислам, а и шарецов е доста поуздан.Додуша и различен калибар се, Бровингот М2 е 12.7.

А ние немаме ДшК да им ставиме како на Хермелините? Или Бровингот е подобар од ДшК?

Browning-от е 100 пати подобар од рускиов ДШК, ова е информации добиени од момците таму. Шарацот е 7.9мм и на еден реденик од 150 куршуми заглавува обавезно и ќе го менуваат, рускиот е поуздан ама многу тежок и заедно со куполата од композит возилата го губат тежиштето, а броњнингот е страва и тој ќе биде монтиран, овој митралез е толку добар што е ставан во авиниоте Ј-22 Орао и Г-4 Супер Галеб уште во време ЈРВ и ПВО.


ДШКМ и Бровингот донекаде може да се споредуваат зошто спагаат во иста класа, ама тоа е сепак како да споредуваш (патики за трчање и патики за тенис), значи зависно од намената и задачата зависи и резултатот. додека М53 е 7,9мм а МГ-3 е 7,62мм, постариот има послаба борбена моќ а поновиов има поголема, со застоите се горе долу исти, но сепак многу зависи од обученоста на нишанџијата и од ракувањето. секој од овие орудија си имаат позитивни а фала богу и негативни страни.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)   Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi) Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Митралези PK, MG, FN - (M84, M86, PKM, PKT, М-53, МG-42, Minimi)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 45Отиди на страна : 1, 2, 3 ... 23 ... 45  Next
 Similar topics
-
» Тешки митралези (12.7мм +...)
» Хамас добивал пушки и митралези од Македонија?

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: