ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Автомати (PDW)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next
АвторПорака
Alvar

avatar

Број на мислења : 7940

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   16/5/2012, 12:09

Новото IWI UZI Pro.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   17/5/2012, 18:15

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7940

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   17/5/2012, 19:01

Чудно, на официјалниот YouTube канал на IWI беше поставено.

edit: Еве го, на истиот канал е. Може го досредувале нешто. Smile

Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

avatar

Број на мислења : 149

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   10/6/2012, 20:28

Уште по завршувањето на Првата светска војна е воочено дека пиштолите се неефикасно оружје за војна. Составена е листа на спецификации за лесна пушка со крушум со редуцирана сила, наменета за персоналот кој не е директно вклучен во борбените дејствија на првата линија на фронтот. Целата приказна набрзо е заборавена, но успехот на германските падобрански единици на почетокот на Втората светска војна укажал на потребата за заштита на позадинските подрачја. Лесната пушка со кратка цевка, немала голем ефикасен домет но била значително подобрување во однос на она што би можело да се очекува од човек делумно обучен за ракување со пиштол. Така настанал американскиот М1 во калибар .30 US Carabine кој на некој начин бил представува темел за современите PDW (Оружја за лична заштита).


Насреќа, добрите идеи не умираат лесно, па овој концепт на почетокот на 70-тите години на 20. век го превзема и „Колт„ со конструкциите на CAR-15 Commando и XM-177 кои „виделе„ подоста акција во Виетнамската војна. Американската војска во текот на 1994., го усвојува скратениот модел Колт 720 со ознака М4, а модернизацијата на тоа оружје е процес кој трае и ден денес. Досега, оваа идеа ја имаат прифатено повеќе реномирани производители, од кои ќе се запознаеме со трите најуспешни и најраспространети конструкции.
Секое од овие оружја претставува чудна мешавина на два света: сила на пушка спакувана во димензии на автомат. Автоматот најчесто се дефинира како оружје со можност за рафален оган кој користи пиштолски куршум.


Colt M4 Commando е најново оружје во фамилијата на пушки М16. Во однос на основната варијанта, освен по должина, на прв поглед се разликува и по одсуството на рачката за носење на горната дел на пушката.


SIG-552 Commando е исто така најсвежа верзија на фамозниот „ролс-ројс„ меѓу јуришните пушки. Иако намената им е иста, конструкциски прилично се разликува од М4. Начинот на функционирање се заснова на позајмување на гасовите, додека кај М4 гасовите директно делуваат на челото на носачот на затворачот. „СИГ„ користи и гасен цилиндар со клип како кај чувениот „калашников„ .


Zastava M92 е југословенска верзија на рускиот АК-74У. За разлика од оригиналната конструкција во калибар 5.45х39, југословенската М92 се изработува во калибар 5.56х45 и 7.62х39.

_________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   11/6/2012, 02:34

Profesionalec напиша:
пушка со кратка цевка, немала голем ефикасен домет но била значително подобрување во однос на она што би можело да се очекува од човек делумно обучен за ракување со пиштол. Така настанал американскиот М1 во калибар .30 US Carabine кој на некој начин бил представува темел за современите PDW (Оружја за лична заштита).
Некои зли јазици велат дека 30 carbine бил до толку инфериорен што не можел да пробие нити дебела зимска униформа, што нормално е смешно, а пак од друга страна панданот на 30 carbine - 7.62x25 токарев не можело да го задржи никаков панцир, нити пак шлем, а исто и без никаков проблем може да 'нанижи' тројца непријатели. scratch 7.62 токарев е со зрно од 5.5г и од автомат има В0 500м/с, а од пиштол 430м/с.Од друга страна 30(7.62) carbine има зрно од 7.1г и В0 од 580м/с.Па видете сами.....
ПС За време на втората светска војна Американците за своите М1Гаранд, во недостиг на М1карбин(минимизиран гаранд), развија евтин и едноставен склоп кој се става на стандардините Гаранди(со вадење на стандардниот затварач) со што пушката се преконвертира да пука во полуавтоматски режим пиштолска 7.65 муниција.Ваквите конверзии навистина се покажале како крајно неефикасни.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   11/6/2012, 15:06

Не ми е јасно, .30 карабин по сите параметри е супериорен над Токаревот а во пракса послаб, ако убаво те разбрав?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7940

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   11/6/2012, 17:09

Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Автомати (PDW)   11/6/2012, 20:30

Frogfoot напиша:
Не ми е јасно, .30 карабин по сите параметри е супериорен над Токаревот а во пракса послаб, ако убаво те разбрав?
Така некако.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   11/6/2012, 22:38

Автомати (Узи, М4 Командо, СИГ-552 Командо,ХиК П-7 и сл.) , Сите мислења од темата Оружја за лична заштита се префрлени тука. Би сакал да чујам мислење дали и пиштолите спаѓаат во ПДВ, бидејќи на Вики, како дефиниција се наведува дека ПДВ е оружје од типот на МП-5 на пример и на нему сличните оружја кои користат пиштолски куршум.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   12/6/2012, 23:03

Frogfoot напиша:
Би сакал да чујам мислење дали и пиштолите спаѓаат во ПДВ, бидејќи на Вики, како дефиниција се наведува дека ПДВ е оружје од типот на МП-5 на пример и на нему сличните оружја кои користат пиштолски куршум.
Категоријата PDW малце е поширока бидејќи не е прецизирано како треба да изгледа, функционира, и каква муниција треба да користи тоа оружје.Кај другите типови оружје(тука мислам на лесното пешадиско оружје) се знае што е што.Автомат е оружје кое има автоматски или полуавтоматски режим и користи исклучиво пиштолска муниција.Јуришна пушка е автоматска пушка која користи муниција од "редуцирана калибарска група" - 7.62x39, 5.56x45 итн.Борбена пушка е репетирачка, полуавтоматска или автоматска пушка која користи моќна муниција(7.62x51, 7.62x54R, 8x57, 30-06, 303.....), митралезот е митралез, пиштолот е пиштол......Од друга страна PDW то е оружје кај кое еденствен познат параметар е тоа дека треба да е оружје со компактни димензии кое би се користело исклучиво за самоодбрана, така да денес многу оружја го носат префиксот PDW иако користат пиштолска, муниција за јуришна пушка, специјализирана PDW муниција итн.итн.
Конкретно околу тоа пиштолот дали спаѓа во категоријата PDW, на некој начин да, иако станува збор за посебна категорија, но подобро ние тука посебно да ги одработиме.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Автомати (PDW)   

Вратете се на почетокот Go down
 
Автомати (PDW)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 10Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: