ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next
АвторПорака
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 21:45

Не бе брат, М90-ката е класичен Калаш систем... т.е М70АБ2 но во НАТО калибар.
Може дечкиве од Србија мислеле на друга пушка.

Еве ја М90 со стандарден дрвен кундак... и со преклопен метален кундак која ја имаат и нашиве.



Од М70АБ2 се разликува само по тоа што нема шипка за чистење под цевката, има поинаква рамка и поинаков компензатор.
А да, и го нема оној карактеристичен тромблонски нишан кој го има М70. Но има регулатор на гас во вид на еден прстен кој се ротира.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 21:47

Ние овие М90ки кога ги набавивме? - А до коментарот на типот што се однесува,тој ја фаворизираше М21,демек подобра е од М90 - е сега ќе видиме колку е подобра, ја има во повеќе верзии.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 22:19

Ух, па не би знаел точно... но некаде прва половина/средина на 90-ти ми се чини.
Ги имам и двете држено в'рака... и мене лично М90 повеќе ми се допаѓа... можеби затоа што во АРМ должев М70АБ2 па си ја знам. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

avatar

Број на мислења : 149

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 22:23

Мислам дека М90 е истрошена пушка во нашиот состав и време е да се замени со нова.
М21 мислам дека е најслична со М90 како концепт и на неа припадниците најлесно можат да се прилагодат,а тоа што е потешка на што се должи?Нели е изработена од нови материјали па тоа би требало да ја олесни не обратно Rolling Eyes

_________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 22:36

Е тоа само од Застава знаат. Very Happy
Но М21 е за едно 200-300 грама потешка од М85/90.
Ќе се сложам дека М90 е надминат концепт... но би го рекол истото и за М21.
Јас лично не би ја вовел како стандардно оружје во АРМ. Како и да е, нашиве веќе решија дека М70АБ2 ќе ја заменат со Colt M4.
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

avatar

Број на мислења : 149

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 23:09

Што мислиш добро е да се замени М70 со М4?

_________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    19/12/2011, 23:24

Најискрено... не знам. Да, мислам дека треба да се земе посовремено решение од АК47 системот.... но дали М4 е тоа решание не би знаел да кажам.
И двете си имаат и предности и мани, и двете се докажани борбени платформи со преку 50-60 години служба.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    20/12/2011, 00:36

Нас ни треба пушка која ќе е издржлива, а мислам дека М4 тоа неможе да го пружи како М70, или пак М21.

Се залагам за нешто made in Germany ili Swiss.

Некако ХиК-416 и Г36 се најфаворити насекаде, али зошто се занемарува ХиК-417 кој е во 7.62мм , што е подобро.

А што мислите за SIG SG-550 SG-551 SG-552 ?
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    20/12/2011, 13:16

Frogfoot напиша:
Нас ни треба пушка која ќе е издржлива, а мислам дека М4 тоа неможе да го пружи како М70, или пак М21.

Можеби не како М70, но од она што јас го имам наслушнато... М4 е подобро решение од М21.
Ќе беше подобро на времето да земеа IMI Galil отколку нулта серија на М21, па ние да и ги откриваме детските болести.

Frogfoot напиша:
Се залагам за нешто made in Germany ili Swiss.
Некако ХиК-416 и Г36 се најфаворити насекаде, али зошто се занемарува ХиК-417 кој е во 7.62мм , што е подобро.
А што мислите за SIG SG-550 SG-551 SG-552 ?

Да, и јас би сакал да биде made in Germany/Switzerland, но сега... колку ни е долга чергата? Wink
И двете германски пушки кои ги спомна се доста популарни по западниве армии (и полициски сили), со тоа што и двете покрај квалитетите си имаат и мани.
HK G36 прилично загрева колку што имам читано од германскиве корисници. На нашиве дечки кој ја имаат користено не им се допаѓа големата висина која ја има со сите нишани (а ги има два оптички), башка користи не-стандардна рамка која е за 20% поголема од стандардната NATO STANAG рамка.
Од друга страна, норвешките и италијанските корисници на HK416 (кај норвежаните е стандардно армиско оружје, кај италијанците се користи од специјални единици) имаат доста негативни искуства со истата. Регулаторот на гасови кој се наоѓа на предниот дел од ракофатот често сам се поместува, а и доста се прља при што знае да доведе до застој, потешка е за кило и кусур од М4 при што и нема некоја предност кога е тежината во прашање, нешто што беше главна одлика на AR системот над другите концепти. Според нив пре би ја користеле американската М4 или канадската Diemaco C7/8 отколку 416-ката. За G3 која беше претходно користена од викинзиве и да не праиме муабет. Сеуште жалат по неа. Smile
HK417 е се попопуларна како пушка за прецизен стрелец (designated marksman) и досега ја имаат усвоено Французите, Австралијанците, Холанѓаните, Ирците итн. Верзија од истата ќе биде и идна стандардна пушка на Турската армија... Kirikale MKEK MPT 7.62.

Цела серија на SG550 е одлична... но нејзината најголема мана е секако цената, поради која и се користи во ограничени количини.. претежно од специјални единици. За една SG550/551/552 може да се купат три М4-ки.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    20/12/2011, 14:57

Jasno druze Alvar! Smile

Znaci ne e se taka rozevo kaj 416-kata koja e napravena na baza na M4 samo sto i bile odstraneti site maani od M4, ocigledno ne i se. Za G36 da,nisanite se navistina mnogu visoko a ramkata za municija ako e pogolema za 20% toa sto znaci? Isto prima 5.56x45mm municija neli?

Kosovarive ja imaat usvoeno kako standardna puska ili ja imaat samo odredeni edinici? bidejki gledam na slikive i M4-ki.

ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)    

Вратете се на почетокот Go down
 
Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 35Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 18 ... 35  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: