Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Случувања во ДЗС

Go down 
+10
JKD
Alvar
РИС
beowulf
Momak od Gjorce
Subzero
Зоран
Profesionalec
Генерал
SIG
14 posters
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty31/7/2011, 09:03

Пишете за случувањата во Дирекцијата за заштита и спасување ...
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty11/3/2012, 14:57

За ДЗС имам една мала забелешка која сакам да ја споделам со вас па можеби ќе допре и до некој од функционерите. Имено станува збор за користењето на услуги од доброволци. Да појаснам. Факт е дека Дирекцијата нема доволно обучен кадар во своите редови а тоа особено се забележува по подрачните одделенија. Во една таква ситуација треба да се најде решение кое најмногу ќе одговара а се со цел успешно извршување на задачите. Вработувањето на нови луѓе не го земам во предвид од повеќе аспекти:
-Прво за успешно функционирање потребни се соодветни тимови кои би требало да бројат околу 10 тина членови. На бројка од 35 подрачни единици тоа се околу 350 нови вработувања, што реално е неисплатливо со оглед на тоа што Дирекцијата на државно ниво има свои обучени тимови а опасностите и не се толку чести.
-Доколку се формираат вакви тимови тие ќе мора да се обучуваат постојано што се дополнителни трошоци.
Има уште некои други аспекти но да не должам многу.

Како решение го предлагам системот на доброволна соработка со останати организации и ПОЕДИНЦИ. Со користењето на нивните услуги значително ќе се подобри квалитетот на услугите на ДЗС. На пример:Доколку на територијата на некоја подрачна единица постои планинарско друштво, Дирекцијата може да ги користи нивните услуги во акции за потрага и евакуација од планинските предели. На тој начин ќе се овозможи брза и ефикасна реакција.

Ова е само мое кратко видување на состојбите во ДСЗ. Доколку има некој поупатен би ми било мило дебатирам и да научам нешто повеќе.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Profesionalec

Profesionalec


Број на мислења : 149

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty25/3/2012, 17:05

Административци бараат помош од медиумите за да не се најдат на листите за „преселба“

Жаклина Хаџи-Зафирова



Стотина вработени во Дирекцијата за заштита и спасување се водат како вишок вработени и ќе треба да се префрлат во други институции. Така барем стои во дописот на Дирекцијата со кој таа би требало најдоцна до 15 март, да достави список од најмалку сто лица кои ќе можат да заминат во други институции. Вработените се во паника дали ќе се најдат на списокот и се прашуваат по кои критериуми ќе ги издвојат, иако, како што велат, ништо официјално не им е соопштено. Страв и неизвесност има и во други државни институции, каде исто така, се прават листи на вишок вработени кои ќе бидат преземени во други државни институции со цел да се запазат заложбите на Владата да нема нови вработувања. „Нема простор за паника“, уверува министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, кој тврди дека листите се само во функција на прераспределба на кадрите, а не и со цел некој да биде отпуштен од работа. Дали некој треба да остане на работа, е работа на институциите, коментира тој, а не на министерството, кое во моментов ги спроведува реформите во јавната и државната администрација, чиј сектор е во негови раце.

Дознаваме дека писма од Владата за трансфер на вработени пристигнале и до други министерства и државни институции, како МНР, Министерството за правда, Министерството за образование, Министерството за одбрана, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување..Неофицијално, се шират информации дека на удар за прераспределба се пред се', Македонците, а не и другите етнички заедници, но овие информации вчера никој не можеше да ги потврди. Според шпекулациите, интересен е примерот со Министерството за правда, каде пред две години наводно се донесени кадри од Министерството за одбрана кои биле вишок таму, а сега и од нив, наводно се бара да испорачаат список со вишок вработени.

Смирувачките тонови од надлежните, сепак, како да не допираат до вработените во администрацијата. Дел од нив се обратија до нашата редакција.

„Принудени сме да ви се обратиме на овој начин бидејќи нема кој да не заштити од раководството. Не постои синдикат ниту пак колегијалност и разумен приод во решавањето на проблемите кои постојат во Дирекцијата. Се прави хајка и списоци без никакви критериуми“, се вели во анонимното писмо кое стигна во нашата редакција. Вработените велат дека ниту во подрачните единици ниту до нив не е доставен заклучокот на Владата во која се бара најмалку стотина вработени да се префрлат во други институции. Тие посочуваат дека само пред три месеци имало забелешки за работата на директорот Шабан Салиу во конечниот ревизорски извештај каде стојат забелешки и утврдени незаконитости при вработувањето на 40-тина лица преку Агенцијата за привремени вработувања.

Вчера не можевме да стапиме во контакт со директорот на Дирекцијата, но контактиравме со неговиот заменик, Екрем Зендели. Тој ни потврди дека примиле допис од Владата и дека веќе и' одговориле, праќајќи и список од стотина вработени кои ќе треба да заминат од Дирекцијата. Но, во исто време, тие испратиле и писмо дека оваа државна институција нема да може да функционира без овие луѓе.

„Паниката се појавува поради разни гласини, но никој не треба да се плаши дека ќе го изгуби работното место. Ова е само консолидирање на државните институции. Реализираме допис во врска со Уредба на Влада. Во нашиот одговор јасно кажавме дека овие луѓе не ни се вишок, туку, напротив, дека ни требаат уште вработувања во Дирекцијата“, вели Зендели. Дирекцијата во моментов брои 305 луѓе, а ако заминат стотина, заменик-директорот вели дека тоа ќе се почувствува во институцијата. Листата на вишокот вработени, како што вели, ја работела стручна група, но не прецизира врз кои критериуми ја работеле.

Вчера побаравме одговор и од други институции. Допис добиле и во Министерството за образование и наука. Таму, наводно, стручните служби согледале дека имаат вишок економисти, а недостиг од правници. Но, велат, се работи само за десетина луѓе, што не се смета за голема бројка.

Од Министерството за одбрана 47 одат за судски полицајци

Министерството за правда испратило допис од повеќе државни институции, барајќи доброволци кои би сакале да се префрлат во нивниот ресор и да работат како судски полицајци. Од Министерството за одбрана и Генералштаб на АРМ се пријавиле 80-тина, но, откако биле направени анализите, било констатирано дека овој ресор може да одобри заминување само на половина. „Од Министерството и Генералштабот се пријавија 80 вработени, но откако беа извршени анализите во Министерството за тоа кој може да премине и кој може да остане, доставен е список до Министерството за правда со вкупно 47 вработени кои се согласуваат доброволно да работат во судската полиција“, велат од Министерството за одбрана.

______________________
Don't underestimate your enemy!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

Зоран


Број на мислења : 3805

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty25/3/2012, 19:55

за жал премногу политика во професија!
Вратете се на почетокот Go down
Subzero

Subzero


Број на мислења : 213

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 10:44

Генерал за ова што спомна дека ДЗС нема доволно обучен кадар. Па еве зега на воената академија од 40 питомци
десет се наменети за дирекцијата за справување со кризи и непогодности.Сакам да кажам дека почнуваат да обучуваат
кадар
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 15:07

Subzero напиша:
Генерал за ова што спомна дека ДЗС нема доволно обучен кадар. Па еве зега на воената академија од 40 питомци
десет се наменети за дирекцијата за справување со кризи и непогодности.Сакам да кажам дека почнуваат да обучуваат
кадар

Тоа е ок. Но тие се обучуваат командни позиции и тоа на Централно ниво, односно на ниво на држава. Мојата забелешка беше за оперативците. На пример во помалите градови како Радовиш, Дирекцијата нема обучен кадар за Спасување на планини. А знаеме дека Виница е во близина на Плачковица. Сега некој ќе рече па колку е можно некој да се изгуби на Плачковица. Не е проблемот во тоа колку е можно туку во тоа дека сепак е можно. Е сега. Доколку се случи нешто такво мора да се ангажираат единици од Скопје или специјалните воени или полициски единици. За да се ангажираат и да се донесат на местото на настанот ќе помине време кое во такви ситуации е драгоцено. Затоа велам дека Дирекцијата може и треба да ги користи услугите на соодветните друштва. Типичен пример е и изминатата зима кога имаше завеани луѓе во селата и планините. Видовме дека и покрај натчовечките напори на припадниците на специјалните единици на АРМ и МВР сепак до многу луѓе не беше можно да се пристигне. Паралелно на ова никој не побара помош од планинарските друштва кои може и верувам дека ќе се јавеа на повикот да помогнат. Ова е само мое видување и од се срце би дебатирал на оваа тема и би слушнал и други мислења.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 20:29

И јас сум за таков концепт. Во секој малце поголем град (гратче) да има по една единица која би можела да интервенира..немора да е којзнае колкава..али 10-тина добро обучени души.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 20:59

Frogfoot напиша:
И јас сум за таков концепт. Во секој малце поголем град (гратче) да има по една единица која би можела да интервенира..немора да е којзнае колкава..али 10-тина добро обучени души.

Мојот концепт е поинаков. Ако имаме во повеќе градови обучени лица тоа може да претставува финансиски проблем ( не велам дека не е добро решение туку да биде поекономично ) затоа што за нив ќе требаат плати, опрема, обуки... Затоа велам веќе обучени локални лица, кои го познаваат теренот да се ангажираат во одредени ситуации. Нешто како резервен состав

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 21:18

Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
И јас сум за таков концепт. Во секој малце поголем град (гратче) да има по една единица која би можела да интервенира..немора да е којзнае колкава..али 10-тина добро обучени души.

Мојот концепт е поинаков. Ако имаме во повеќе градови обучени лица тоа може да претставува финансиски проблем ( не велам дека не е добро решение туку да биде поекономично ) затоа што за нив ќе требаат плати, опрема, обуки... Затоа велам веќе обучени локални лица, кои го познаваат теренот да се ангажираат во одредени ситуации. Нешто како резервен состав

Е де , на тоа и јас мислев, али да имаат обука тие лица..
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

Генерал


Број на мислења : 2343

Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty26/3/2012, 22:01

Frogfoot напиша:
Генерал напиша:
Frogfoot напиша:
И јас сум за таков концепт. Во секој малце поголем град (гратче) да има по една единица која би можела да интервенира..немора да е којзнае колкава..али 10-тина добро обучени души.

Мојот концепт е поинаков. Ако имаме во повеќе градови обучени лица тоа може да претставува финансиски проблем ( не велам дека не е добро решение туку да биде поекономично ) затоа што за нив ќе требаат плати, опрема, обуки... Затоа велам веќе обучени локални лица, кои го познаваат теренот да се ангажираат во одредени ситуации. Нешто како резервен состав

Е де , на тоа и јас мислев, али да имаат обука тие лица..

Тука се сложуваме. Може ДСЗ преку некоја МВР, АРМ или пак преку Црвениот Крст да им овозможи на овие лица соодветна обука и потоа да ги користи во одредени ситуации.

______________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Случувања во ДЗС Empty
ПишувањеПредмет: Re: Случувања во ДЗС   Случувања во ДЗС Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Случувања во ДЗС
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 6Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
 Similar topics
-
» Случувања во САД

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Безбедносни сили на РМ :: Дирекција за Заштита и Спасување - ДЗС-
Отиди до: