ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   30/8/2012, 14:49

Прашање е кој би бил на чело на тоа здружение, кој би го оформил и каква корист би имал од тоа? Ај појасни за какво здружение се работи зошто не сум запознат.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   24/11/2012, 23:29

Дечки, на два ума сум дали да поднесам барање за набавка на оружје.
Ме интересира колкави се шансите да добијам дозвола за набавка на истото... доколку одам по регуларен пат, значи без врски?
Исто ме интересира колку ќе ме чини целата процедура (лекарско уверение, уверение од суд, центар за обука/курс итн.) до самата набавка?

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 01:35

Вака, правев муабет со бивш припадник на Тигрите кој сега е во одделот за давање на дозволи за оружје во СВР Битола.

По муабетите испадна дека се на се, со се вадење на уверениа за неказнување и сл. полагање на теоретски и стручен испит ќе те кошта околу 150 евра, со се одење до стрелиште и враќање (за овој регион треба да се оди до с. Лабуништа - Струшко) на 2 пати мислам нека биде и 200 евра.

Е сега мислам дека Бео може најдобро да ти каже пошто тој најтазе доби дозвола за нековата ЧЗ.

Ако навистина имаш ќеф да набавиш оружје...поднеси.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 02:11

Тешко во тој случај. Не планирам да дадам 200 евра само за процедура при вадење дозвола, можеби кога ќе дозолат повеќе финансиите.
Па ПМ, за 200 евра можам да купам џилит нов пиштол (Застава М70 7.65), вака ќе ми излезе 400 евра. Жив лоповлук. Rolling Eyes

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 11:34

Ете нека грешам ама и 150 нека биде. Поефтино од тоа неверувам дека е со се сите трошоци.

И мене тоа ми е навистина многу, за 500-600 евра можеш да купиш нов ЦЗ-99. Третина од парите за пиштолот да ги дадеш за дозвола Glava v zid
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2331

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 12:31

Тоа што ќе ја поминеш обуката не значи и дека ќе добиеш дозвола. Откако ќе добиеш потврда за поминатата обука која чини околу 9 000 денари, со таа потврда и останатите документи поднесуваш барање за дозвола. Значи обуката е само еден од условите да можеш да поднесеш барање а не и гаранција дека ќе добиеш. Откако ќе поднесеш барање поминува одреден период ( кој е прилично долг ) и тогаш се добива повратен одговор. Мислам дека за ова веќе има пишувано.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 16:10

Да, ја пролистав темата и за условите кои треба да се исполнат има пишувано.
Мене ме интересираа личните искуства и сознанија како одат работиве.

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2331

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 17:09

Во кратки црти. Прилично скапа процедура а и многу долга. Без разлика дали си припадник на безбедносните сили или си цивил процедурата е навистина долга. Одлуката зависи од тоа колку си подготвен да платиш и да чекаш.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7724

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 17:29

Не е проблем чекањето (иако по мене е непотребно да мине толкав период, ќе заборавиш дека си поднел барање)... не се брзам, она за кое сум пишман е целата процедура која следи однапред.
Со други зборови, јас можам да ги извадам сите потребни документи, да поминам низ обука за ракување на оружје, сето тоа да ме чини 200 и повеќе евра... и на крај пак да бидам одбиен. Парите отишле во ветер.
Знаете ли за случај кога подносителите биле одбиени и на која основа? Колкав е процентот на одобрени барања, дали е поголем од оној на одбиени?
Колкав гарант е тоа што сум неосудуван, психо-физички здрав, со завршена воена обврска, добар комшија (претпоставувам Very Happy ).. за позитивен исход во целата процедура?

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2331

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   25/11/2012, 18:00

Поголем е бројот на одбиени отколку одобрени барања. За бројки не би можел да зборувам. Ако навистина сакаш да дознаеш можеш врз основа на Законот за слободен пристап до информациите Smile. Се она што го кажа ти како такво е позитивно но не е гарант. Сепак анализата е подлабока и огромно внимание се посветува на потребата.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   

Вратете се на почетокот Go down
 
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: