ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура   13/6/2012, 15:23

Генерал напиша:
Дефинитивно дека МВР има точна бројка на легалното оружје. А искрено имаат моја целосна поддршка во однос на земањето на чаури. Е сега, едно е желбата друго се можностите и нивната ажурност. Навистина е добра идеја да се направи база на податоци за секое легално оружје но тоа мора да се прави професионално и да се биде поажурен. Еве еден пример. Јас го купив Глокот пред Нова година и до ден денес не ми е излезена дозволата. Тоа значи дека имам дома пиштол а немам документ за него. Го пријавив уште на денот кога го купив, по некој месец ме повикаа за испукување. И тоа завршивме. Кога ги прашав пред некој ден дали е готова дозволата ми рекоа дека не е бидејќи сеуште немаат таков модел во базата на податоци ( се работи за Глок 17 од четвртта генерација ). Претходно имав Глок 19 од трета генерација и помина без проблеми. Е сега што се однесува до ажурноста. Не можам да разберам како дозволиле некој дистрибутер да увезе некаков модел на оружје и да го продава, а тие не го внеле истиот во базата на податоци. Можам да разберам дека станува збор за нов начи на постапување со евиденцијата на оружјето и верувам дека со текот на времето праксата ќе ги открие недостатоците и тие благовремено ќе бидат одстранети.

Немам ништо против испукувањето, но кога службите би биле многу поажурни и кога дозвола би се добивала побрзо. За испукувањето, дефинитивно МВР е должна да обезбеди муниција. Јас можеби немам пари за муниција во тој момент, што правиме тогаш? Нека обезбедат муниција за секој тип на пиштол кој добива дозвола за увоз во Македонија и тоа нека се направи во рок од 1 месец од купувањето на пиштолот и готово, нема да има никаков проблем.

А уште подобро би било при добивањето на дозволата да се изврши испукување, истиот ден да се оди на стрелиште или каде веќе вршат испукување.

Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   13/6/2012, 21:07

Практично не е возможно да се ограничи времето на испукување да биде истиот ден или за еден месец. Ова тврдење ќе го поткрепам неколку факти.

Најпрво со закон е предвидено дека физичкото лице кое набавило оружје е должно во рок од осум дена од набавката на оружјето да го пријави истото. Тоа значи дека не е возможно веднаш да биде извршено испукувањето.

За да се изврши испукување е формирана комисија од МВР која е составена од неколку члена. Доколку секој ден би се вршело испукување оваа комисија не би била во можност да биде физички присутна на секое место. Да појаснам. Доколку јас набавам оружје во Скопје, а во исто време некој набави оружје во Битола комисијата не може да присуствува на двете места. Затоа се остава одреден временски период за да се соберат неколку оружја за испукување и оваа комисија оди директно во градот без разлика дали станува збор за помало или поголемо населено место.

Што се однесува до набавката на муницијата. Да бидеме искрени. Доколку набавувам оружје од 100, 200 или 1000 евра, сигурно ќе имам средства да набавам 2 куршума. Пиштолската муниција е 30 денари по куршум, што значи дека испукувањето ќе не чини 1 евро без таксите.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7940

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   13/6/2012, 21:09

Една комисија од неколку члена за цела држава!? Shocked
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   14/6/2012, 01:46

Alvar напиша:
Една комисија од неколку члена за цела држава!? Shocked

Најискрено тоа не знам. Јас бев двапати и ми се погоди истиот кри-техничар. За другите не се сеќавам.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   14/6/2012, 03:27

Генерал напиша:
Дефинитивно дека МВР има точна бројка на легалното оружје. А искрено имаат моја целосна поддршка во однос на земањето на чаури. Е сега, едно е желбата друго се можностите и нивната ажурност. Навистина е добра идеја да се направи база на податоци за секое легално оружје но тоа мора да се прави професионално и да се биде поажурен. Еве еден пример. Јас го купив Глокот пред Нова година и до ден денес не ми е излезена дозволата. Тоа значи дека имам дома пиштол а немам документ за него. Го пријавив уште на денот кога го купив, по некој месец ме повикаа за испукување. И тоа завршивме. Кога ги прашав пред некој ден дали е готова дозволата ми рекоа дека не е бидејќи сеуште немаат таков модел во базата на податоци ( се работи за Глок 17 од четвртта генерација ). Претходно имав Глок 19 од трета генерација и помина без проблеми. Е сега што се однесува до ажурноста. Не можам да разберам како дозволиле некој дистрибутер да увезе некаков модел на оружје и да го продава, а тие не го внеле истиот во базата на податоци. Можам да разберам дека станува збор за нов начи на постапување со евиденцијата на оружјето и верувам дека со текот на времето праксата ќе ги открие недостатоците и тие благовремено ќе бидат одстранети.

Во ред е тоа да МВР има база на податоци за секое легално регистрирано оружје, немам ништо против, дури ако можат и зрната нека ги земаат за вештачење за да имаат потполен идентитет од секое оружје, но мене ми пречи што сите тие процедури траат вечност.Мене дозволата ми ја направија по седум месеци одкако беше испукувањето.

Frogfoot напиша:
Немам ништо против испукувањето, но кога службите би биле многу поажурни и кога дозвола би се добивала побрзо. За испукувањето, дефинитивно МВР е должна да обезбеди муниција. Јас можеби немам пари за муниција во тој момент, што правиме тогаш?
Проблемот не е околу цената на муницијата и дали имаш или немаш пари да купиш два куршуми.Проблемот е што набавката на тие куршуми пред да ја земиш дозволата е нелегална, попросто речено тие два куршуми фактички мора да ги набавуваш на црно.За популарните калибри не е проблем, по пријатели, другари, комшии, колеги некако ќе набавиш два куршуми.Проблемот е што ако сакаш да набавиш некое оружје во поредок калибар, добиваш одобрение за истото, го купуваш оружјето, и на крај не можеш да најдеш два куршуми за да ти го регистрираат истото.Единствено може да ти помогне продавачот од каде си го купил оружјето, и тоа ако тој сака да ти помогне(да ти даде или продаде два куршуми), бидејќи и тој самиот е свесен дека тоа е противзаконито, и на крај краева ако воопшто има таква муниција на лагер.Тоа е спорното во новиот закон за оружје.

ПС Околи комисијата за испукување, мислам дека секоја подрачна полициска станица има своја комисија.Кога јас го носев пиштолот за испукување членовите на комисијата беа битолчани.Се изнапука тој инспекторот со чифтиња и карабини. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   2/7/2012, 19:48

А КАКО ДА НЕ

Бев со татко ми да испука од пиштолот два куршума за продолжување и менување на новата дозвола (личи на здравствена книшка исто во плава боја), му земаа два, тој џандарот испука два со пиштолот а со ловџиската испукав јас, ги земаа чаурите, ни куршуми да ни дадат ни ништо. Кај што се запишуваше фабричкиот број на оружјето имаше еден препотентен инспектор со бркови (ми идеше да му ја учукам една поради сељачкото понашање и правењето шериф), двајца помагачи што седеа до него со документи, еден обичен униформиран џандар кој ги земаше пиштолите од тие што доаѓаа и испукуваше два куршума и двајца припадници (машко и женско) на ЕБР во тоа собчето.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   4/7/2012, 00:17

И чивтето што калибар ви го регистрираа, 12 или 16мм. lol!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7940

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   24/7/2012, 00:44

Законот на оружјето го уби законот за оружје

Процедурата за добивање дозвола за оружје во Македонија е ригорозна, но не е проблем да набават пиштол и да го добијат дури и лица што се неподобни за тоа, сметаат експертите. Од граѓанското здружение ЦИВИЛ предупредуваат дека не е далеку денот кога култот кон оружјето толку многу ќе порасне што некој со нарушена свест и со оружје в рака ќе предизвика крвав инцидент како што беше неодамнешниот масакр во киносала во САД.

Иако законската процедура за добивање дозвола за поседување оружје во Македонија е поригорозна отколку во САД, каде поради повикувањето на вториот амандман и желбата на речиси секој полнолетен граѓанин да се вооружи, дозвола за оружје се добива за неколку минути, во земјава има речиси 170.000 граѓани кои легално поседуваат огнено оружје. Познавачите на проблематиката велат дека не е толку тешко да се добие дозвола бидејќи законот се „протрчува“, а проблемот е и во тоа што не се прави ревидирање на добиените дозволи.

- Граѓанин што сака да добие дозвола за оружје треба да е полнолетен и да извади и приложи лекарско уверение издадено само во определени здравствени установи, како и уверение од Центарот за социјални работи за деловната способност. Освен тоа, потребна е потврда од Судот дека не е казнуван, како и уверение за техничка оспособеност, односно поминат краток курс во центрите за обука за ракување со оружје и уверение за ловечки испит ако станува збор за ловџиско оружје - велат од МВР.

Ако ги исполнува наведените услови, подносителот на барањето треба да наведе зошто му е потребно оружјето, што пак го проверува МВР.

- МВР ја врши последната проверка кај лицата што доставиле документи за дозвола, односно ја испитува и проверува оправданоста на причините за набавка на оружје. Ги користиме сите законски овластувања за да провериме зошто на лицето му е потребна дозвола за оружје. Ако наведе дека оружје му е потребно за да ја обезбедува фирмата што ја има, ние проверуваме дали таа навистина постои. Ако сака да има пиштол за лична заштита или поради хоби проверуваме дали со оружјето може да претставува потенцијална опасност за околината - велат од МВР.

Процедурите за добивање дозвола за оружје во САД е оценета како едноставна и многу лесна, во зависност за која држава станува збор. Познавачите велат дека вадењето дозвола во американска држава се мери во минути.

Од граѓанската асоцијација ЦИВИЛ велат дека во земјава е широко распространет култот кон оружјето, па деновиве се зачестени инциденти од славеничкото пукање, што е резултат на ниска граѓанска култура и недоверба кон институциите.

- Во земјава има голем број нелегално, легално но и службено оружје, кое се злоупотребува за различни намери. Јавна тајна е дека тој што сака да пука може и да изнајми муниција, а тоа чини околу 50 евра за две рамки муниција за автоматска пушка. Утре може дете да го земе оружјето од својот татко и да пука по деца - предупредува Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

Според Дерала, потребен е мултидсциплинарен приод кон овој проблем, а тоа подразбира мерки што ги презема не само полицијата, туку и другите институции, граѓанскиот сектор и локалните власти со населението.

- Се истураат огромни пари и се прават големи напори за едукација на граѓаните за надминување на култот кон оружјето. Во Македонија сево ова се ограничува на одделението за превенција при МВР, кое има мали средства и тоа најчесто го прави со растурање летоци - вели Дерала.

Џокер или психологија на масакрот

Минатонеделниот масакр на премиерата на филмот „Подемот на темниот витез“, во кој загинаа најмалку 12 луѓе, е уште еден во низата напади врз недолжни цивили што изминативе години се случија во САД.

Што им е заедничко на нападите во универзитетскиот кампус во Блексбург, каде што во 2007 година поранешен студент уби 32 и рани 17 луѓе, на случајот пред супермаркетот во Тускон во 2011 г. кога напаѓачот уби шестмина и на оној неколку месеци порано кога дипломиран студент на факултетот „Оикос“ во Оукланд, Kалифорнија, уби седум луѓе? Сите напаѓачи имаа ист профил – незадоволни самотници, бесни на општествените институции, неспособни или неспремни да си ги контролираат насилните импулси, велат американските психијатри.

Што го претвора бесот во акција? Самоконтролата е клуч на успешниот функционален живот зашто нашиот мозок е лесно подложен на сите можни влијанија. Гледањето филмови со насилни сцени поттикнува на насилно дејствување. И самото слушање насилни зборови ги прави луѓето посклони кон насилство. Напаѓачот во масакрот на премиерата „Подемот на мрачниот витез“ бил инспириран од ликот на Џокер. Тој е негативец, противник на Бетмен, одговорен за сите трагедии во неговиот живот, високоинтелигентен психопат со садистичка смисла за хумор. Во филмските адаптации го играле Џек Николсон, Тим Бартон и Хит Леџер.

Но, во потрага по мотивот за ова злосторство американските медиуми не го насочија вниманието кон влијанието на филмот, туку кон достапноста на оружјето.

Изнајмување

Цената на оружјето што може да се набави на црниот пазар е различна и зависи од квалитетот и од староста, односно од употребуваноста. Автоматската пушка „калашников“, во зависност дали е југословенско или од кинеско производство, чини од 500 до 2.000 евра. Од пиштолите, во зависност дали станува збор за југословенско или за оружје произведено во Германија, Италија, Шпанија или во друга држава, цената е од 200 до 1.000 и 1.500 евра.

Во Европа и кај нас тренд е криминалците да изнајмуваат оружје. Поевтино е и е лесно достапно, се пренесува од рака на рака. Фактот дека истото оружје го користат многумина им нанесува главоболка на полицајците бидејќи тешко се утврдува каде с` било користено.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1D137F8AB9047F4387DE7AFCA2D41DB9

_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   24/7/2012, 00:59

Би го цитирал овај дел:
Цитат :
Познавачите на проблематиката велат дека не е толку тешко да се добие дозвола бидејќи законот се „протрчува“, а проблемот е и во тоа што не се прави ревидирање на добиените дозволи.
Но комент. silent
Вратете се на почетокот Go down
Zajcef

avatar

Број на мислења : 41

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   30/8/2012, 14:42

Јас друго размислувам последно време,нема да биде добра идеја да се оформи здружение од типот на НРА во Македонија?Потребно е крајно бидеќи ако продолжи вака јапонија ќе станеме.Сигурно трговците со оружје од земјава финансиски ќе ја поддржат,да не зборувам за љубителите на оружје,ловците и сл.Сите се гневни на законот а нема кој да се бори против него scratch scratch scratch
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   

Вратете се на почетокот Go down
 
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 4 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5 ... 12 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: