Почетна
Почетна
Почетна
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeinstagramОдбрана Форум-Аndroid app

 

 Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Go down 
+13
Macedonian Knight
risteski.goce@yahoo.com
sdan
Legija91
JKD
Momak od Gjorce
leopard
Zajcef
Alvar
Генерал
Зоран
beowulf
SIG
17 posters
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19, 20, 21, 22  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин




Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty3/1/2015, 21:35

Ама гледам има пиштоли со повеќе...
Вратете се на почетокот Go down
leopard




Број на мислења : 560

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty3/1/2015, 23:39

Тоа ти е за карабини,за ловна ограничувањето законско е три патрони,пиштолите околу рамките немаат ограничување,ако сакаш и добош со сто куршуми стави.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

Momak od Gjorce


Број на мислења : 12354

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty30/1/2015, 11:21

Психијатар ќе одлучува кој ќе носи службен пиштол на појас

http://vecer.mk/makedonija/psihijatar-kje-odluchuva-dali-kje-nosi-sluzhben-pishtol-na-pojas
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty28/6/2015, 20:44

Еднаш прашав, ама не добив одговор. Какви се законите во врска со увоз/извоз на огнени оружја? На пример ако купам во странство па да донесам тука, ќе ми треба дозвола во двете држави или? И како би ја пренел?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty28/6/2015, 20:54

А и уште едно прашање. Нели има одреден број на куршуми што може да се купат годишно. Дали е кај нас легално рециклирање(како и да се вика, јас го знам како reloading) бикејки ако имаш 500 комада, а се користат и до 5 пати тоа се 2500 куруми, над законскиот лимит.
Сигурно поентата на законот е да се спречи складирање на големи количества муниција, за да неможе да се користи во терористички акции на пример, што не е лоша идеја. Ако си ги полниш после секоја посета на стрелиште, во ниеден момент нема да имаш повеќе од дозволеното. Затоа ме интересира каква е регулацијата...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty28/6/2015, 21:00

Можеш и вака да складираш...за пиштол од 9мм дури и не мораш... со 200 куршуми можеш да направиш масакар кај сакаш Smile
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин




Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty21/7/2015, 23:16

САКАТЕ ОРУЖЈЕ? ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА
iNFOMAX | ноември 13, 2014 | ЗАНИМЛИВОСТИ | Нема коментари
Share
Под поимот „Оружје“, се смета секој предмет или орудие, направени со цел под притисок на гасови, кои настануваат при согорување на експлозивни материи, гасови под притисок или друга потенцијална енергија, да исфрлаат проектил во облик на единечно зрно, сноп од сачми, гас, течност, стрели или друга состојка, што предизвикува повреди опасни за здравјето и животот на луѓето, како и секој друг предмет чија основна намена е вршење напад врз физичкиот интегритет на луѓето.

pistol_HS

Оружје согласно Законот за оружјето се смета:
1) огнено оружје;
2) колекционерско оружје;
3) оружје за самозаштита;
4) пневматско оружје;
5) гасно оружје;
6) експлозивно оружје;
7) оружје со тетива;
Cool ладно оружје;
9) оружје за светлосно-звучна сигнализација и
10) електрични парализатори.

Оружје и муниција може да се набавува само врз основа на одобрение издадено од Министерството за внатрешни работи и тоа за секое поединечно набавување на оружје.

Одобрение за набавување на оружје може да се издаде на физички лица заради

-заштита на нивната личност и имот,

- за лов и спортско стрелаштво.

Одобрение за набавување на делови на оружје и одобрение за набавување на муниција се издава на физички или правни лица кои поседуваат важечка дозвола за оружје или дозвола за поседување на оружје.

Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува следниве услови:

1) има наполнето 18 години живот;

2) не му е одземена или ограничена деловната способност;

3) здравствено е способно да поседува и носи оружје;

4) не претставува опасност за јавниот ред;

5) има оправдана причина за набавување на оружје;

6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје кое се проверува со полагање на стручен испит и

7) има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија, со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

Се смета дека физичкото лице има оправдана причина за набавување на оружје, ако докаже дека постојат оправдани причини за поседување на оружје, а особено ако неговата лична безбедност, безбедноста на неговото семејство или имот се сериозно загрозени, поради што е потребно поседување на оружје заради нивна заштита и сигурност или ако работите и задачите што ги врши на работното место се од таква природа што можат да предизвикаат опасност од загрозување на неговиот живот или имот.

За оружјето кое е набавено врз основа на одобрение, на физичкото лице му се издава дозвола за оружје.

Дозволата за оружје се издава со рок на важење од десет години, а на лица постари од 65 години живот со рок на важење од пет години. Дозволата за оружје може да биде продолжена по писмено барање на имателот, поднесено до надлежниот орган најдоцна два месеца пред истекот на рокот на нејзиното важење.

ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ НА ОРУЖЈЕТО

– Сопственикот или корисникот на оружје е должен оружјето да го одржува во исправна состојба, внимателно со него да ракува и да го чува на начин што ќе оневозможи пристап на неовластени лица.

-Забранета е продажба на оружје и муниција на лице кое нема одобрение за набавување, односно одобрение за набавување на колекционерско оружје, како и давање оружје на употреба на лице кое нема дозвола за оружје или
дозвола за колекционерско оружје или дозвола за носење на тоа оружје.

– Не е дозволено носење на оружје, како и имитација на оружје кое видно не се разликува од оружје, на начин на кој ќе ги вознемирува граѓаните или на начин на кој оружјето ќе биде јасно видливо.

– Сопственикот или корисникот на оружје кога има право да го носи е должен оружјето да го носи на начин што нема да ја загрозува личната сигурност и сигурноста на другите.

– Сопственикот или корисникот на оружјето е должен пренесувањето на оружјето да го врши на начин што оружјето, ако технички е можно, мора да биде расклопено, односно цевката да биде одвоена од механизмот за затворање, а ако не е можно муницијата да биде одвоена од оружјето.

– Забрането е носење и употреба на оружје од страна на сопственикот или корисникот на оружјето, кој со употреба на алкохол, дроги или друг начин ќе се доведе во состојба во која не може да го сфати значењето на своето дело или
да управува со своите постапки.

– Забрането е носење и употреба на оружје на јавно место, освен за работниците кои вршат работи на обезбедување на лица и имот во државните органи и правните лица, согласно со прописите за обезбедување на лица и имот.

– Лицето кое со себе носи оружје е должно да ја носи дозволата за оружје, односно дозволата за носење на оружјето

Дозволата за оружје Дозволата за колекционерско оружје и дозволата за носење на оружје ќе се поништи во случај кога:

1) ќе истекне важноста на дозволата, а истата не е продолжена;
2) донесено е конечно решение за одземање на дозволата за оружје дозволата за колекционерско оружје односно дозволата за носење на оружје;
3) одобрението за постојан престој на странец на територијата на Република Македонија престанало согласно со прописите за движење и престој на странците и
4) ќе настапи смрт на имателот на дозволата и
5) оружјето е украдено, односно исчезнато или продадено.

Извор: Pravdiko.mk

http://infomax.mk/wp/?p=18899
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

Alvar


Број на мислења : 10934

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty21/7/2015, 23:26

Неколку пати поставено тука, но нејсе. Прашање до оние кои веќе поседуваат оружје, при поднесувањето на барањето на дозволата, што треба да се наведе под точка 5? Оправдана причина за набавување на оружје?

Цитат :
Се смета дека физичкото лице има оправдана причина за набавување на оружје, ако докаже дека постојат оправдани причини за поседување на оружје, а особено ако неговата лична безбедност, безбедноста на неговото семејство или имот се сериозно загрозени, поради што е потребно поседување на оружје заради нивна заштита и сигурност или ако работите и задачите што ги врши на работното место се од таква природа што можат да предизвикаат опасност од загрозување на неговиот живот или имот.

Според ова погоре, треба секој ден да добивам смртни закани за да можам да извадам дозвола. Rolling Eyes

______________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
JKD

JKD


Број на мислења : 3140

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty21/7/2015, 23:53

Најубаво да поднесеш доказ дека си член на стрелачко друштво,тоа мислам дека го даваат стрелачките друштва...
Вратете се на почетокот Go down
SIG

SIG


Број на мислења : 6107

Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty22/7/2015, 00:46

Според мене тоа не е баш најдобро дефинирано, пошто, што ако сакам да набавам пиштол бидејќи се плашам за својот живот од сопругот на швалерката?

Треба да и откријам на цела служба таму, а со тоа и на пола град дека имам швалерка?

Затоа најчесто се оди со потврда од стрелачки клуб или ловечко друштво.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми - Page 18 Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Вратете се на почетокот 
Страна 18 of 22Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 17, 18, 19, 20, 21, 22  Next
 Similar topics
-
» Егзотично Оружје
» Воздушно оружје
» Гасно оружје
» Ловно оружје
» Застава оружје - производи (М70, М72, М77, М92, М21, CZ99, M57...)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Почетна :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: