ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18, 19, 20  Next
АвторПорака
risteski.goce@yahoo.com



Број на мислења : 21

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   15/11/2014, 20:01

плус е ако извадиш потврда од стрелачко ако си за пиштол,но не значи дека ќе дадат дозвола.Ако си загреан и ако имаш време и пари упорноста се надевавам ќе се исплати. Повозрасниве порано без проблем добивале дозвола за пиштол,+ и дозвола за носење,која сега е укината и така треба ,бидеќи ке бевме дивиот запад сите наорузани до заби хахаха. Можеби се во право од МВР сто прават рестрикции за добиванје на дозвола но не мора толку големи.
Вратете се на почетокот Go down
leopard



Број на мислења : 413

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 08:28

По правило членството во стрелечки клуб треба да има предност во процедурата на одобрување дозвола за оружје,исто и за членство во ловечко друштво.Ќе го пренесам моето искуство за добивање дозвола.2011 поддадов документи за пиштол,заедно со другар кој е вработен во затворската полиција.Се зачленив во стрелечки клуб,плус припадник на безбедносни сили.По 9 месечно чекање,другарот добива дозвола,оето барање е одбиено.2012 поддавам пак,овојпат без олеснителни околности,стрелечки клубови итн, изаминувам надвор од државата,ми пишуваат од дома дека одговорено ми е позитивно.Се враќам купувам пиштол,арно ама и пушки сакам.Ме задесува брак набрзинка,и во матното поддавам барања за 2 дозволиБ-4,зошто во брак со една плата тешко таков луксуз да си дозволи некој.Купувам ловен карабин полуавтоматски,а второто одобрение ете уште е во полиција автокоманда,чека подобри времиња,само што со закон не е регулирано колку се чува позитивен одговор,па не е чудо да се изгуби или едноставно да истече рокот,иако за тоа нема основа.Наравоучение,пред 13 години и јас бев претерано загреан за оружје,не дека сега не сум,ама се сменија приоритетите,и тогаш шпартав по продавници гледај пиштоли,а околу мене луѓево си добиваат дозволи,после тоа подолг период беа стопирани одобренијата.Нема да ги заборавам зборовите на еден од продавачите во ДиМанКо инаку мој комшија."еден ден ќе ти одобрат да купиш оружје,штом толку го сакаш тоа,еден ден ќе го имаш"И навистина поминаа 10 години и го решив проблемот,така би ве посоветувал и вас.Откога добив дозвола,наговорив уште дваесетина колеги пријатели,и тие добија дозволи.И по можност решете го тоа пре да стапите во брак,полесно е. ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 13:38

Значи да заминам од државата ако сакам дозвола aplauz хахаха
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 14:44

Вчера бев во Лабуништа на стрелиштето Спорт Шкорпион на обука, заедно со девојка ми. Јас полагав за карабин и ловечка, таа за пиштол.

Јас не сакам никого да навредам, но, во еден момент и ја оправдувам рестриктивната политика на полицијата во однос на издавањето на дозволи за поседување на огнено оружје.

Луѓе, нема да верувате, колку матни ликови имаше таму. Не некои „мафијаши„ туку од оние „збунетите„ . Мене ми е страв дека некои од тие ликови може да направат некакво срање ко оној во Кавадарци пред некој ден...

Дај Боже да грешам, ама не беа сите за ловџии таму, иако имаше и такви, но ете...

Пукав со карабин ЧЗ 30-06 калибар, и бокерица (сачмарка) - 12-76 мислам беше. Пиштолот беше ЧЗ-75.

Првпат пукав со карабин и со ловечка, досега само со пиштол сум имал искуство, и ми рекоа прв да пукам.

Седнав на столчето, ставив 2 куршуми, и гаѓав мета која беше во хоризонтална линија повисока околу 10м од местото каде што јас пукав, и малку полево од мојата позиција и се тоа на далечина од 100м, без оптика се разбира.

Првиот истрел, и го слушам инструкторот вика - 10ка! Пукај на истото место.
Вториот истрел, 8ка!

Искрено, се изненадив од постигнатото, бидејќи ем првпат пукав со карабин, ем првпат на толкава далечина, ем немам око соколово Very Happy

Другите што пукаа со карабинот погодија најмногу 8ка, па надолу што не е воопшто лошо, бидејќи на 100м црниот дел од метата (од 7 до 10 мислам) ви се гледаат буквално како една мала црна точка и едноставно пробувате да погодите во центарот на истата, колку што е можно, иако сум сигурен дека НИКОЈ неможе од 100м да гаѓа 8ка или 10ка стриктно, освен ете ако не е ептен искусен.

Со бокерицата, сите имавме ист резултат бидејќи пукаш во плех и сачмите погодуваат, без разлика колку во средина си погодил.

Пред тоа имавме и предавање од правен, теоретски и дел од прва помош.

Се на се беше беше интересно но и папрено, 8100 е за пиштол, + 1000 за карабин + 1000 за ловечка.

Very Happy

Вратете се на почетокот Go down
JKD

avatar

Број на мислења : 3140

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 14:50

Ај јас пак...рековте дека за сите пропатни работи за пиштол,би фатило околу 150 евра,а колку би фатило за ловџиска пушка и дали има разлика од карабин и сачмарка,и која е цената едно за друго,мислам се вкупно за да стигнеш да поднесеш документи ?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 15:11

Јас погрешив, бидејќи ти реков 6100 е за пиштол, но во стрелиштето во Струга е таа цена, каде што се полага САМО за пиштол, па поради тоа цената е поефтина. Но во Лабуништа се плаќа 8100 за ЕДНО оружје, плус 1000 денари за другите оружја, ако сакаш да полагаш за нив, значи ако неќеш немораш.

Можеш за 1, за 2, за 3.. Значи минимумот ти е 8100.

Јас ете платив 10 000 за три.

Имаш видови оружје, иако сега ме натера да размислам, еден имаше таму за револвер ми се чини, ама не полагаше на револвер...немам појма зошто. Но не е важно.

Разликата помеѓу карабин и ловечка пушка е во тоа што карабинот е оружје со долга жлебена цевка, додека ловечката пушка е со нежлебена цевка.

Карабинот користи поинаква муниција од ловечката пушка (сачмарка).

Ова е карабин:



и користи ваква муниција:



Додека ова е ловечка пушка или тнр. сачмарка:



и користи ваква муниција:



П.С: Гугл ти има фатено прашина, забриши малку тоа ... Wink
Вратете се на почетокот Go down
JKD

avatar

Број на мислења : 3140

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 15:33

Хаха,абе зборот ми беше,дали има и разлика и во дозволата од сачмарка до карабин.Знам инаку за таа разлика,но прашањето ми беше з аразликата за дозвола,дали постои.

Значи,како што те сфатив...8100 би ме фатило за полагање пиштол,и тие документи се сите исти и за сачмарка и за карабин,само што се доплаќа + 1000 денари за сачмарка или карабин,што значи ако сакаш да поднесеш барање за 3те оружја,се на се,ќе те фати 10 илјади и нешто ? и потоа поднесуваш документи и се молиш на Господ да ти одобрат,ако те одбијат пак поднесуваш,со што имаш некој ситен трошок за административни работи(претпоставувам) ?

добро сум сфатил ?Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   16/11/2014, 18:18

Па постои разлика бидејќи како што ти кажав едното е жлебено оружје другото е нежлебено оружје!

Затоа и се полага и доплаќа за двете посебно.

За другото, добро сфати.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   3/1/2015, 01:23

Дали постои ограничување за бројот на куршуми во рамката?
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   3/1/2015, 19:23

Мислам дека во РМ законот не дозволува магацин со поголем капацитет од 10 куршуми.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми   

Вратете се на почетокот Go down
 
Дозвола за поседување на оружје - Закон, процедура и критериуми
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 17 of 20Отиди на страна : Previous  1 ... 10 ... 16, 17, 18, 19, 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: