ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, ... 11, 12, 13  Next
АвторПорака
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   14/6/2012, 14:15

Пеколен, темелен чистач на теренот

Само еден систем од типот БМ-21 за 20 секунди може да нанесе пустош на површина од 8 квадратни километри. Поради големата огнена моќ и големата површина што може да ја покрие, БМ-21 е одличен за употреба против трупи на отворено, потоа за артилериска подготовка на теренот, како и за бомбардирање на непријателот со хемиски средства


Во изминативе неколку месеци сме сведоци на забрзано снабдување на македонската армија со оружје и опрема што и се неопходни во извршувањето на уставно зададените задачи. Притоа најголемо внимание му се посветува на опремувањето на македонското воено воздухопловство, што е реално ако се има предвид дека во изминативе десет години токму во тој сегмент на нашата армија најмалку се инвестираше.

Но, дека истовремено се работи и на забрзано опремување на другиот дел од нашата армија пред една недела потврди и портпаролот на Армијата, полковникот Благоја Марковски, кој информираше дека од неодамна артилериско-ракетните единици се засилени и со повеќецевни ракетно-лансирни системи од типот БМ-21.

Повеќецевниот ракетно-лансирен систем БМ-21 е произведен од советската воена индустрија како замена за повеќецевниот ракетно-лансирен систем БМ-14 со калибар 140 мм. Од страна на произведувачот овој систем беше означен како 9К51, но во светот е познат под руската воена ознака БМ-21 Град. Во оперативна употреба на советската армија БМ-21 влезе во 1963 година. Штом го забележаа западните разузнавачи, НАТО на овој систем му ја додели ознаката М1964.

Повеќецевниот ракетно-лансирен систем БМ-21 е комплекс составен од повеќецевен ракетен лансер од типот 9П132, кој е поставен на камион од типот урал-375Д. Лансерот 9П132 има правоаголна форма и е целина од 40 цевки (четири реда по десет цевки) со калибар 122 мм. Лансерот се отклонува за 102 степени влево, 70 степени вдесно и за 55 степени по елевација. Напојувањето на лансерот со енергија се врши со помош на специјален електричен генератор.

Полнењето на лансерот со ракети се врши рачно и за тоа е потребно време не подолго од 10 минути. Лансирањето на ракетите се врши по електричен пат со помош на лансирен уред од типот 9В170, поставен во кабината на камионот. Заради поголема безбедност на екипажот што го опслужува системот БМ-21, постои можност лансирањето на ракетите да се изведува и од далечина со употреба на кабел со должина од 64 метри. Лансирањето на ракетите може да биде автоматско или рачно. Во автоматски режим ракетите се лансираат во фиксен временски интервал од половина секунда, што значи дека за лансирање на сите 40 ракети се потребни 20 секунди. При мануелно лансирање временскиот интервал помеѓу лансирање на две ракети зависи од желбата на ракувачот.

Далечината на дејствување на повеќецевниот ракетно-лансирен систем БМ-21 зависи пред се од типот на ракетите што се користат. Така, ракетата 9М22У, која е долга 2,87 метри и носи боева глава од 18,4 килограми, има минимален дострел од 5.000, а максимален дострел од 20.380 метри. За разлика од неа, ракетата 9М28Ф носи боева глава од 21 килограми и има минимален дострел од 1.500 метри, а максимален дострел од 15 километри.

Од ракетите со кои може да ги користи БМ-21 особено се истакнува кинеската ракета тип 90А, која е долга 2,75 метри и носи боева глава од 18,3 килограми. Оваа ракета има минимален дострел од 12.700 метри, а максимален дострел од 32,7 километри. Сите споменати ракети стандардно се опремени со високоексплозивни фрагментациски боеви глави. За БМ-21 се развиени и ракети опремени со хемиски, запаливи, чадни и илуминациски боеви глави.

Како транспортно средство за лансерот се користи камион од типот урал-375Д, кој е придвижуван од еден бензински В-8 мотор со 180 коњски сили и директен пренос на сите шест тркала. Камионот има извонредни теренски карактеристики и голема автономија на движење. Така камионот тежок 13,7 тони на пат постигнува максимална брзина од 75 км/ч, а надвор од пат се движи со брзина од 35 км/ч. Кабината на камионот не е опремена со штитници, бидејќи материјалот од кој се изработени прозорците и возачкото стакло е доволно силно да го издржи притисокот и другите ефекти што го придружуваат лансирањето на ракети со калибар 122 мм.

Огнената моќ на системот БМ-21 многу е голема. Тоа се согледува низ фактот што само една 122 мм ракета со која се вооружува БМ-21 е убиствена на површина од 200 квадратни метри. Тоа значи дека само еден систем од типот БМ-21 за 20 секунди може да нанесе пустош на површина од 8 квадратни километри. Поради големата огнена моќ и големата површина што може да ја покрие, БМ-21 е одличен за употреба против трупи на отворено, потоа за артилериска подготовка на теренот, како и за бомбардирање на непријателот со хемиски средства.

Повеќецевниот ракетно-лансирен систем БМ-21 денес се наоѓа во вооружување на армиите на повеќе од 50 земји, што го прави неоспорно најупотребуван повеќецевен ракетно-лансирен систем во светот. Од армиите на нашите соседи Војската на Југославија поседува повеќе од 70, додека бугарската располага со околу 200 системи од овој тип.

Успешната употреба на овој систем во многу локални воени судири во изминативе триесетина години резултираше со негово постојано модифицирање и усовршување. Така, за потребите на воздушно-десантните сили на советската армија беше создаден системот БМ-21В (ознака на НАТО - М1975), кој е повеќецевен ракетно-лансирен систем опремен со 36-цевен лансер поставен на возило од типот ЗИЛ-131. Египетската верзија на БМ-21, чии ракети се опремени со касетна муниција, е позната како сакр-18. Секако, најдобрата модификација на БМ-21 беше создадена во поранешна Чехословачка во почетокот на седумдесеттите години. За потребите на својата армија, а подоцна и за извоз, чехословачката воената индустрија стандардниот 40-цевен лансер го постави на камион од типот татра 813 со пренос на сите осум тркала. Системот означен како М-70 беше опремен и со магацин со 40 ракети, кој придонесе времето на полнење на лансерот да се намали на помалку од три минути.

Повеќецевниот ракетен систем БМ-21 со своите сеопшти карактеристики апсолутно оправдано може да се смета за едно од најмоќните орудија со кои во моментов располага нашата армија. Овој систем несомнено значително придонесува во зголемувањето на борбената моќ на нашите сили.


Автор: Игор Божиновски (Дневник 2001)
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1608&stID=2217
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7665

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   8/7/2012, 17:15

Британски MRLS во Авганистан.

Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7665

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   29/7/2012, 17:00


_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   8/8/2012, 22:56

Umetnicka slika! Smile
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

avatar

Број на мислења : 158

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   26/8/2012, 00:46

И секако шефот кај ПЦРФ секако е неприкосновениот БМ-30 Смерч и неговиот наследник Торнадо С.
12 х 300 мм, со дострел до 90км, моќно!!!

БМ-30 Смерч


Торнадо С
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7665

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   8/9/2012, 00:55

MBDA MEADS




_________________
Si vis pacem, para bellum
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3662

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   23/9/2012, 20:56

122 mm GRAD

Raketni projektil M-21-OF za sistem BM-21 GRAD - kompletan presek













Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   24/9/2012, 00:55

Па германците пред да почни нападот барбарос уфрлуват луге во фабирката која требаше да ги произведува бм-13, со цел уништување на првите прототипови нападот требаше да се извриши со пакет каде наводно имало машина од германија со тежина од неколку тони а внатре била ставено експлозив и кога овие ке однесел машината таа требало да експлодира и да ја уништи фабриката но оваа беше спречено во последен момент од НКВД
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3662

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   24/9/2012, 10:51

kocov напиша:
Па германците пред да почни нападот барбарос уфрлуват луге во фабирката која требаше да ги произведува бм-13, со цел уништување на првите прототипови нападот требаше да се извриши со пакет каде наводно имало машина од германија со тежина од неколку тони а внатре била ставено експлозив и кога овие ке однесел машината таа требало да експлодира и да ја уништи фабриката но оваа беше спречено во последен момент од НКВД

Interesna prikazna mozhe li vo celost.
Вратете се на почетокот Go down
kocov



Број на мислења : 136

ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   24/9/2012, 11:29

Зоран напиша:
kocov напиша:
Па германците пред да почни нападот барбарос уфрлуват луге во фабирката која требаше да ги произведува бм-13, со цел уништување на првите прототипови нападот требаше да се извриши со пакет каде наводно имало машина од германија со тежина од неколку тони а внатре била ставено експлозив и кога овие ке однесел машината таа требало да експлодира и да ја уништи фабриката но оваа беше спречено во последен момент од НКВД

Interesna prikazna mozhe li vo celost.

Толку ја знам и јас дека германците знале за ова оружје и сакале да го спречат да го направат оти бм-13 успешно ја заменувало
недостатокот на ударна авиација на фронтот, мислам дека овој проект за бм-13 почнува уште на почетокот од 30 тите
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)   

Вратете се на почетокот Go down
 
MRLS (Повеќецевни ракетни фрлачи)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 13Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, ... 11, 12, 13  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Артилерија-
Отиди до: