ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Муниција - врсти, калибар и начини на обележување

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11 ... 20  Next
АвторПорака
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   12/5/2012, 02:29

Feniks955, i jas gledal takvi kursumi vo filmovite underworld so kejt bekinsejl, ama dodusa pojke vreme i obrnav na kejt vo koznit kostum.inace deckite pogore ti kazaja deka za taa namena(probivanje oklopni vozila) se koristi pancirna municija koja ima celicno jadro ili jadro od osiromasen uranium kaj topovskata i artileriskata municija.a pak protivoklopnite granati go busat oklopot so kumujativen mlaz koj ednostavno go topi celikot.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   12/5/2012, 12:40

Генерал напиша:
Fenix955 напиша:
да ве прашам сакам околу едни куршуми ама не сум сигурен како се викаа
ама ги имам видено во повеќе серии и форуми направени се од течно олово или магнезиум не ме фаќајте за збор ама служат за пробивање на оклопните возила пр овие со носат пари по банкиве има некои нешо знае фала однапред

Добредојде и од мене. За пробивање на оклоп ( поточно лесно оклопни возила и утврдувања ) се користи муниција со голема калибар, на пример 12,7 мм. Една од основните намени на М-93 Црна Стрела со калибар 12,7 е токму тоа, уништување на лесно оклопни возила и утврдувања. Оваа пушка како и сличните на неа токму поради ова се нарекуваат антиматеријални. Друг начин за пробивање на оклоп е РРФ М-80 ( Зоља ) кој поради специфичноста на дејството е прилично ефикасен за оваа намена.

П.С Ова со возилата за транспорт на пари ти е лош пример. Ne! Rolling Eyes

Мала сосем добронамерна исправка другар Генерал, за лесно оклопени цели немора да се користи и 12.7мм, може и 7.62мм или 7.9мм но со челично јадро односно панцирен. Ништо чудно да може и со такво да се „избуши„ некое лесно оклопено возило. Незнам ни дали Хермелинот кој го имаме би издржал панцирни 7.62мм.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2331

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   12/5/2012, 15:20

Frogfoot напиша:
Генерал напиша:
Fenix955 напиша:
да ве прашам сакам околу едни куршуми ама не сум сигурен како се викаа
ама ги имам видено во повеќе серии и форуми направени се од течно олово или магнезиум не ме фаќајте за збор ама служат за пробивање на оклопните возила пр овие со носат пари по банкиве има некои нешо знае фала однапред

Добредојде и од мене. За пробивање на оклоп ( поточно лесно оклопни возила и утврдувања ) се користи муниција со голема калибар, на пример 12,7 мм. Една од основните намени на М-93 Црна Стрела со калибар 12,7 е токму тоа, уништување на лесно оклопни возила и утврдувања. Оваа пушка како и сличните на неа токму поради ова се нарекуваат антиматеријални. Друг начин за пробивање на оклоп е РРФ М-80 ( Зоља ) кој поради специфичноста на дејството е прилично ефикасен за оваа намена.

П.С Ова со возилата за транспорт на пари ти е лош пример. Ne! Rolling Eyes

Мала сосем добронамерна исправка другар Генерал, за лесно оклопени цели немора да се користи и 12.7мм, може и 7.62мм или 7.9мм но со челично јадро односно панцирен. Ништо чудно да може и со такво да се „избуши„ некое лесно оклопено возило. Незнам ни дали Хермелинот кој го имаме би издржал панцирни 7.62мм.

Добро е кога се надополнуваме. Инаку заборавив да ги споменам затоа што поголемо внимание посветив на 12,7 и М-80

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Fenix955



Број на мислења : 2

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   16/5/2012, 20:37

фала на сите одговори иначе го имав видено во серијата цси мајами.
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   21/6/2012, 20:27

До Волчко: би било најдобро да ни кажеш бидејќи имаш искуство, свое видување секако, кое зрно е посмртоносно. Према мои некои истражувања и разговори со луѓе „од струка„ , пак е тешко да се дојде до компромис дали 7.62 или 5.56. Најдобро би било некое решение измеѓу како на пример 6.8мм но преоѓање на нов калибар е огромна и ужасно скап проект за САД и НАТО.

Никако да се сложат кое зрно прави посмртоносни рани дали 7.62 дали 5.56 или 5.45 кое го користат русите.

7.62 дефинитивно има поголема кинетичка е енергија, но проблемот се јавува тогаш кога зрното поминува низ телото односно не останува и не прави фатални рани како 5.56 кое полесно фрагментира доколу е испука на далечина до 150м. Потоа и тоа само поминува низ телото.
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   21/6/2012, 23:31

Знев дека нешто околу 5.56 имав пишувано на МАФ, па еве ги најдов постовите.

http://forum.avijacija.mk/viewtopic.php?f=23&t=5110&start=280

beowulf напиша:
alvarhanso напиша:
U.S. Army Issues New M855A1 Ammo to Troops in Afghanistan

http://bulletin.accurateshooter.com/2010/06/u-s-army-issues-new-m855a1-ammo-to-troops-in-afghanistan/
http://militarydailynews.com/2010/02/corps-to-use-more-lethal-ammo-in-afghanistan/
http://militarydailynews.com/2010/04/army-wont-field-deadlier-corps-round/

Замислата за новото зрно му е добра, но мислам дека перформансите малце ги преувиличуваат.Зрното доста се разликува од м855 па слободно можеа да му дадат друго име.Имено зрното СС109(М855) е проектирано како ФМЈ зрно со оловно јадро и мал челичен пенетратор на врвот на зрното.Тој мал пенетратор е со цел зрното да има подобра пенетрација во тврди медиуми.Бидејќи челикот има помала маса од оловото односно 7.8г во цм кубен за челик и 11.3г во цм кубен за олово, тежиштето на зрното е поместено на средина на зрното со што полесниот врв при влез во мек медиуум тешко го задржува правецот и како последица на тоа доаѓа до тумбање и евентуално фрагментација при повисоки брзини затоа што слабата бакарна кошулица неможе да го издрже притисокот и да го задржи зрното во една целина.Така би требало да е теоретски.И во пракса тоа има добри перформанси ама во балистички желатин, но реалноста секогаш не соодејствува со тестовите во лабораторија.
Еве како се покажува М855 во балистички желатин 10% кој наводно симулира човечко тело.Зрното во овој пример влегува во желатинот со брзина од 890м/с.Ефикасноста е ОДЛИЧНА.Во балистички желатин истото зрно и при брзини од 700м/с покажува солидна фрагментација, но во реалноста извештаите од борбените полиња говорат сосема спротивно.



Да се вратиме на новото М855А1.Како што реков замислата на зрното е добра и е слична како и на М855.Во овој случај зрното не е ФМЈ туку е со напред отворена кошулица.Јадрото е составено од легура на бизмут која има поголема маса од челикот, но помала од оловото.Масата на цм кубен му е 10,3г за разлика од оловото кое има маса на цм кубен од 7.8г.Врвот на зрното е масивен челичен пенетратор.Теоретски зрното би требало за тврдите медиуми да се однесува како панцирно зрно кое би имало одлична пенетрација и официјалните податоци за "супериорноста" на ова зрно се засновани токму на големата пенетрирачка моќ тестирана на челична плоча од 10мм и бетонски блокови.Но никаде нема тестови од терминалната ефикасност во балистички желатин или извештаи од борбените полиња.Значи не ќе да е така како што сакаат да го прикажат.Теоретски ова зрно би требало, исто како кај М855, а и зрната за 5.45x39, баш поради нарушениот баланс, односно поместеното тежиште во средината, при влез во мек медиум да го изгуби правецот и да почне да се тумба и да фрагментира во најмалце 3 фрагменти...челичниот пенетратор, бизмутовото јадро и кошулицата....Но сето тоа е теоризирање.




beowulf напиша:
Ова зрно М855А1 наводно ќе е замена за М855 поради две причини.
Прво-Супериорните перформанси во однос на М855.
Второ-Оваа муниција се нарекува "зелена" муниција затоа што не содржи олово и не ја загадува околината.Нешто многу се загрижија америте за Ирак и Авганистан. Rolling Eyes
Оваа муниција најверојатно ќе му биде поделена на трупите кои не се дирекно вклучени во воени дејствија, а тие се мнозинство од војската.
Наспроти тоа на трупите кои се дирекно вклучени во дирекни борбени дејствија му даваат нова муниција SOST(Special Operations Science and Technology ammo).За разлика од М855 и М855А1 оваа муниција не само што содржи олово(голема работа, денес 99.99% од воената муниција има оловно јадро) туку се коси и зо законите на Женевската конвенција која пропишува да не се користи нехумана муниција со шуплив или мек оловен врв.
Оваа СОСТ муниција користи зрна дизајнирани од америчката компанија Федерал.Како основа за ова СОСТ зрно земено е ловечкото зрно од истата компанија Federal trophy bonded bear claw.Ова зрно има бакарна кошулица и бакарно монолитно јадро до половина на зрната кое е еден дел со кошулицата.Другата половина е оловна со мек оловен врв.Ова зрно не фрагментира туку при удар се прави во печурка и го карактеризира тоа што и при помали брзини покажува одлични перформанси односно "печурка ефект"
Еве како екцпандира ловечкото федералово зрно.истото би требало да го прави и СОСТ зрното.Масата на СОСТ зрното е 5г за разлика од М855 и М855А1 кои се по 4 грама.Званичната ознака на ова зрно е МК318.



А еве што прави ова зрно во балистички желатин.Одлична пенетрација и добра експаниза од околу 12мм



Еве уште една слика каде се гледа пресекот на СОСТ зрното.Сродноста со федераловото ловечко зрно е очигледна.Незнам дали забележавте но ловечкото зрно има малце подебела кошулица затоа што примарната употреба му е за лов на белоопаши елени кои имаат појака мускулатура и градба од човекот па затоа и зрното е "појако".





beowulf напиша:
И последното зрно кое стрикно го користат специјалците е МК262.Оваа муниција ја прави америчката компанија Black hills, а за муницијата користи зрна Sierra match king кои имаат маса од 5 г.Зрното има мал шуплив врв и јадро од олово.Врвот на зрното е потпоно шуплив.Кошулицата е слаба и лесно фрагментира и при ниски брзини.
Еве пресек од зрното:



А еве што прави зрното во балистички желатин.Солидна пенетрација и добра фрагментација. Smile



Вратете се на почетокот Go down
Makedon

avatar

Број на мислења : 158

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   22/6/2012, 08:28

Многу добро објаснето на сликите претходно, 7,62 е направен да пробие додека 5.56 е направен да направи штета.
Идејата на САД и НАТО за 5,56 тргнува од идејата доколку куршумот го погоди непријателскиот војник (не глава) го ранува и автоматски исклучуваш 2-3 војника заради помош на ранетиот додека 7,62 би прошол низ него и доколку не го погоди во витални органи со преврска уште е ефективен војникот.

Сега во последно време и русите почнуваат да го заменуваат овој калибар за помал, сигурно не е заради тоа што 7,62 е неефективен туку се менуваат војните низ светот и оваа муниција (5,56) ја добива битката.

Според мене муницијата за пушкиве че биде по потреба во зависност од мисиите, бидејќи имам гледано емисии каде американците се пожалиле на 5,56. Заради тоа направија пушка која со лесно менување на цевката го менува калибарот од 5,56 до 7,62.


http://www.gundigest.com/tactical-gear-articles/tactical-military-arms-blog/colt-le901-16s-from-5-56-to-7-62-in-30-seconds
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5795

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   22/6/2012, 11:01

Браво Бео, и фала за објаснувањето! ziveli
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   3/7/2012, 12:11

Makedon напиша:
Многу добро објаснето на сликите претходно, 7,62 е направен да пробие додека 5.56 е направен да направи штета.
Идејата на САД и НАТО за 5,56 тргнува од идејата доколку куршумот го погоди непријателскиот војник (не глава) го ранува и автоматски исклучуваш 2-3 војника заради помош на ранетиот додека 7,62 би прошол низ него и доколку не го погоди во витални органи со преврска уште е ефективен војникот.

Сега во последно време и русите почнуваат да го заменуваат овој калибар за помал, сигурно не е заради тоа што 7,62 е неефективен туку се менуваат војните низ светот и оваа муниција (5,56) ја добива битката.

Според мене муницијата за пушкиве че биде по потреба во зависност од мисиите, бидејќи имам гледано емисии каде американците се пожалиле на 5,56. Заради тоа направија пушка која со лесно менување на цевката го менува калибарот од 5,56 до 7,62.


http://www.gundigest.com/tactical-gear-articles/tactical-military-arms-blog/colt-le901-16s-from-5-56-to-7-62-in-30-seconds

5.56 има поголема брзина и зрното е многу полесно со цел кога ќе влезе во човечкото тело со тумбање да направи голема штета на органите. Влезната рана е многу помала за разлика од 7.62x39.
7.62x39 е куршум со тешко зрно кое на 500 до 600 метри го задржува правецот, додека над 600 метри почнува да шантра и да го губи ефектот. Ама затоа во блиска борба недај боже да те удри. Мислам дека балистичарите во
ЈНА некаде 60 тите имаат развиено зрно за 7.62x39 кое има малку приближни перформанси како 5.56 и има ознака М со некоја од годините во 60тите.
Русите одамна имаат калибар кој му парира на ззападниот 5.56, тоа е 5.45X39, а во Русија посебно во Кафказкиот регион е наречен "Отровен Куршум". Имал подобри карактеристики од 5.56.
Имав една табела каде имаше покажано споредба на три калибри (5.45X39, 5.56, 7.62x39) и хоризнтална права линија. Се покажуваше како лета зрното до метата. Првиот 7.62X39 лета како голема парабола. Вториот 5.56 има помала парабола а третиот 5.45 право по хоризнталната линија.

Во фронтовска борба најдобар калибар го сметаат 7.62x51 но е излезен од службена употреба за пушките на војниците заради големиот товар и неможноста да се понесе повеќе муниција. Денес се користи само во снајперските пушки, во лесните митралези и во ловчиските пушки каде овој калибар е означен како .308
Вратете се на почетокот Go down
beowulf

avatar

Број на мислења : 765

ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   3/7/2012, 19:03

Тоа југословенско зрно за кое зборуваш носи ознака(ако не се лажам) М63, а разликата од руското М43 е во тоа што е потешко, 8г напрема 7.4г кај руското, и обликот на зрното е направен така да кога влегува во телото да може да ја изгуби стабилноста за да дојде до тумбање.Тоа е постигнато на тој начин што задниот дел од зрното е потполно цилиндричен, додека кај руското зрно задниот дел од зрното има конусна форма или таканаречен "бродска опашка(boat tail)"
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Муниција - врсти, калибар и начини на обележување   

Вратете се на почетокот Go down
 
Муниција - врсти, калибар и начини на обележување
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 2 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3 ... 11 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: