ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 T.A.R-21 ( Тавор )

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next
АвторПорака
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: T.A.R-21 ( Тавор )   20/3/2012, 23:59

Пред да се посветам на T.A.R-21 ( Тавор ) сакам да напишам збор два за новиот дизајн на автоматските пушки. Се позастапен е еден нов правец во дизајнирањето на автоматски пушки кој отстапува од традиционалниот. Станува збор за ултракраки пушки на кои механизмот за испукување и сандакот за муниција се наоѓаат во кундакот. Со овој дизајн се остава повеќе простор за цевката, односно овој дизајн дава можност за употреба на подолга цевка која во комбинација со поместувањето на тежиштето кон задниот дел на пушката, малата должина на пушката и одличната ергономија овозможува лесно маневрирање а со тоа и подобрена прецизност. Овој дизајн е познат како Bullpap.

Следејќи ги современите текови и Израелската наменска индустрија во соработка со Израелската војска ја дизајнира пушката Тавор со официјална ознака T.A.R. 21 ( Tavor Assult Rifle for 21-st century - Тавор јуришна пушка за 21-от век ). Најголемиот дел од пушката ( рамот ) е изработен од специјален полимер што значително ја намалува тежината. Механизмот е изработен од нерѓосувачки алуминиум и челик со што пушката добива на цврстина. Пикатини шината е поставена на самиот гасен цилиндер со што се неутрализира потребата од дополнително подесување на оптичките нишани што се поставуваат. Интересен момент е тоа што постои опција за 2 минути пушката да се преадаптира од потребите за деснорак стрелец за потребите на леворак стрелец. Друга и поинтересна преадаптација е можноста за промена на калибарот од 5х56 во 9мм.

Фамилијата на Тавор пушките ја сочинуваат: T.A.R.-21 ( Tavor Assult Rifle ), C.T.A.R ( Comando Tavor Assult Rifle ) командо верзија, MTAR ( Micro Tavor Assult Rifle ) микро верзија, STAR (Shart Shooting Tavor Assult Rifle) верзија за прецизно пукање и Tavor+M203 т.е пушка тавор плус подцевен фрлач на гранати М203.хх

Технички карактеристики на T.A.R.-21

Калибар 5х56 мм
Должина 725 мм
Должина на цевката 460 мм
Тежина без рамка 2.8 кг
Тежина со рамка 3.27 кг
Тежина полна 3.635 кг
Брзина на зрно 590 м/с
Капацитет 30 куршуми

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 00:12

Да илустрираме Smile

STAR-21


CTAR-21



GTAR-21
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 00:14

Frogfoot напиша:
Да илустрираме Smile

STAR-21


CTAR-21



GTAR-21

aplauz Мене ми е страшно мака да поставувам слики, затоа ќе се држам до пишувањето а на вас ви ја препуштам илустрацијата Smile

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 00:14

Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9329

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 01:09

Frogfoot напиша:
Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?

Мислмад дека Tavor TAR-21 и Micro Tavor MTAR-21...
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3677

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 16:03

Momak od Gjorce напиша:
Frogfoot напиша:
Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?

Мислмад дека Tavor TAR-21 и Micro Tavor MTAR-21...
ја имаат и снајперската изведба.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7844

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 17:39

Frogfoot напиша:
Во ЕБР имаме CTAR-21 и STAR-21 така?

Да, кратката CTAR-21, и онаа со стандардна должина.. STAR-21, т.е designated marksman верзијата.

Фина пушка е Tavor-от, но со доста солена цена. На претходниот воен форум имав еден поголем текст со цени, кои земји колку ја имаат платено, и со каква опрема ја имаат купено пушкава.. но за жал истиот се избриша. Мака ми е да барам по нетов по вторпат за истата работа... но нејсе, колку паметам за цената на еден Tavor што ја платија Индијците можеа да се купат 3-4 М4-ки комплетно опремени.

Интеесно е дека иако во IDF Tavor-от влезе во употреба неодамна... истиот веќе отстапува место за неговата "покомпактна" варијанта X-95, така да оние единици кои веќе беа задолжени со Tavor, истите ќе ги отстапат на единиците кои сеуште користат CAR-15 (M4) карабините... а ќе бидат вооружени со новите X-95.



Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3677

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 18:53

Алвар ај линкними нешто за новата 95 ка.
Попатно кој колку ке палти зависи и од политичките односи.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7844

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 19:01

Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3677

ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   21/3/2012, 19:03

Alvar напиша:
Бујрум Зоки:
http://www.israel-weapon.com/default.asp?catid={ED781BF5-92EB-43AB-BAC7-D89BFBC28144}
http://articles.janes.com/articles/Janes-Infantry-Weapons/IWI-X95-5-56-mm-assault-rifle-Israel.html

Алвар секој чест .
Во што е подобрувањето помала тежина по компактно?

страшно

http://www.israel-weapon.com/files/brochure_2012/IWI_X95_Family.pdf

сега ми е јасно зашто им дадоа лиценца на Украинците.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: T.A.R-21 ( Тавор )   

Вратете се на почетокот Go down
 
T.A.R-21 ( Тавор )
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 9Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: