Еееее Словенија е светлосни години понапред од нас....пушките на видеото додуша им се полуавтоматски, но сепак, битно кај нив ги има и тој што сака да купи оружје налик на воено може да купи. Плус тоа секој словенец кој поседува оружје со дозвола може да купува муниција во неограничени количини(а не како кај нас 200), и најбитно од се во Словенија е дозволено да се преполнува муниција со што пукањето го прави далеку поевтино. Еве на пример ако еден пиштолски куршум кошта 25-30 денари, кога би се преполнувал компонентите за него(зрно, барут, каписла) не би коштале повеќе од 5 денари. Не само во Словенија туку и во Хрватска е дозволено преполнување, а има најави дека тоа ќе биде и во Србија. Само кај нас во Македонистан не е дозволено(добро и БХ, за ЦГ не знам).
Море може и кај нас ова да се направи, само поради понискиот стандарт е потешко да се дојде до оружје, па и полуавтоматско, полесно ќе дојдеш до автоматско нелегално .
Дечкиве добро се организирале и опремиле...али пред се треба да се има волја за ваква работа.
Инаку им пратив покана да дојдат на форумов и да ни се претстават, па ќе видиме што ќе биде
Еееее Словенија е светлосни години понапред од нас....пушките на видеото додуша им се полуавтоматски, но сепак, битно кај нив ги има и тој што сака да купи оружје налик на воено може да купи. Плус тоа секој словенец кој поседува оружје со дозвола може да купува муниција во неограничени количини(а не како кај нас 200), и најбитно од се во Словенија е дозволено да се преполнува муниција со што пукањето го прави далеку поевтино. Еве на пример ако еден пиштолски куршум кошта 25-30 денари, кога би се преполнувал компонентите за него(зрно, барут, каписла) не би коштале повеќе од 5 денари. Не само во Словенија туку и во Хрватска е дозволено преполнување, а има најави дека тоа ќе биде и во Србија. Само кај нас во Македонистан не е дозволено(добро и БХ, за ЦГ не знам).
И кај нас можеш да извадиш дозвола за полуавтоматско оружје кое наликува на автоматско. Таа дозвола кај нас се наога под категоријата Б7 вид на дозвола. Тоа оружје смее да има оквири до 5 куршуми, а ако земеш оквир за калашников од 30 куршуми и го ставиш на твојот цивилен полуавтоматски ќе те казнат зашто е илегално. Имам пишувано за ова на некои од темиве. Таа дозвола се добива под услов ако си член на ловечко и стрелачко друштво. И кај нас е дозволено да се преполнува оружје ама само ловџиски патрони за пумпарица.
Втора работа што приметив е дека некои работи и вести ги копирате од српскиот форум MyCityMilitary. Гледам дека ти beowulf си член на тој форум со уште неколку Македонци. И ова за Словенциве беше прво поставено на MyCityMilitary, а и еден од Словенците од тимов е член на тој форум.
На оваа тематика веќе поставив видео од дечките од Словенија во друга тема ама очито не ви запнало за око , еве нешто ново...
Од каде им дозвола за автоматско оружје незнам, али убаво ги имаат увежбано некои тактики, убаво за непрофесионалци мора да признаете.
Не им се автоматски туку им се полуавтоматски пушките. Тоа се уствари истите пушки како што ги има војската само што опцијата за автоматско пукање е блокирана или ја нема. И тие пушки се наменети за цивилен пазар. Инаку се ова што го имаат они, (освен пушката) можеш без никакви дозволи да ги набавиш. Поставив на некои од темиве линкоив од каде можат да се нарачаат преку интернет например делови за шминкањето на пушката. тоа значи да извадиш некои делови на пушката кои не ти се практични или не сакаш да ги имаш и ставаш пикатини шини, тактички лампи, холографски нишани. Со еден збор да ја направиш пушката за 21 век. Останатото им е од лична опрема им е наочари, панцирни MOLLE елеци (CIRAS, RAV, OTV, SOHPC итн.), воени униформи, антифони, тактички ракавици, штитници за колена итн. кои можат да се набават во секој Army Shop.