ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next
АвторПорака
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   3/7/2012, 18:00

Alvar напиша:
А каде пишува дека е посебен?

Нигде, туку е ист како фирмиве што ги набројав, овааа вторава има подобри.
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 13:21

Alvar напиша:
А каде пишува дека е посебен?
Не би да те разочарам, но Blackhawk е последна фирма од која би купувал профи опрема доколку ми треба таква.
Да, за airsoft претпоставувам дека се ОК, но за сериозна употреба на терен би ги избегнал... барам тоа го тврдат повеќето профи корисници.
Има еден куп неизвикани компании кој произведуваат врвна опрема... а се да речеме "no name".

http://www.cryeprecision.com/C-119/Armor-%2b-Equipment
http://www.first-spear.com/home.php?cat=249
http://lbtinc.com/vest-h-gear-carriers.html
http://www.nfm.no/Vests-and-harnesses.html
http://www.75tactical.com/
http://source-military.com/tactical-vest/47-source-tactical-vest.html
http://www.marom-dolphin.com/tactical_vests.html

Aaaа другар ти си во голема грешка, првите три најголеми, најпознати, и најквалитетни фирми се Blackhawk, Eagle Industries, Pantac, додека потоа следуваат 5.11, Rotcho итн. Овие три фирми не се наменети за airsoft опрема туку за војска каде што се бара висока издржливост на опремата во најкритичните операции и борбени задачи. Еве од кој е создадена Blackhawk. Ова е од каталогот, првата страна

Founded in 1993 by a U.S. Navy SEAL, BLACKHAWK!® has been leading the charge in the tactical industry, producing durable, high-quality gear for the military, law enforcement, corporate security, shooting sports, and first responder markets. What started as a small operation in a garage has transformed into an enterprise that is now widely recognized as the ops gear of choice for Special Operation units worldwide. At BLACKHAWK!, excellence isn’t just an aspiration—it’s a way of life.

Немој ниту една компанија да потценуваш кога не ја знаеш за неа. Ти можеби си прочитал на некој airsoft форум, некое дете пишал дека ова не му се допаѓа и ај сега Blackhawk не чини. Јас имам некое време студирано и гледано по коментарите на купувачиве во Америка и пошироко кои 90% се специјалци, платеници, полицајци, кои биле по боиштата во Авганистан и Ирак кажуваат за Blackhawk какви се нивните искуства во најкритичните моменти и операции во кои учествувале и сите кажуваат позитивни пофалби за Blackhawk бидејќи опремата од Blackhawk никогаш не ги издала. Останатиот дел се обични луѓе и од ниту еден немам видено дека се пожалил од оваа фирма. Затоа некое време простудирав за производите на Blackhawk што ќе кажат воени и полициски лица, а не airsoft деца и затоа ја избрав оваа фирма. Едино се жалат само на високата цена на некои производи на Blackhawk, ама вреди производот за тие пари. Затоа не можеш да ме разочараш и убедиш во нешто во кое сум сигурен Smile

Немој да мислиш ти или некој друг на форумов дека јас ја рекламирам оваа фирма и ја наметнувам на некој друг да купи производ од Blackhawk. Јас си кажувам само за мене и што имам во план, каде и од каде да купам и што ќе купам, само кажувам каква фирма е а фирмата е одлична. Добро сеа може има и негативности Blackhawk, бидејќи не може да биде совршена без ниту една грешка.
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7665

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 14:46

Airsoft форуми не читам бидејќи airsoft не ме интересира. За Eagle Industries и 5.11 можам да се согласам дека се компании со одлична репутација. Но останативе не би можел да ги сместам во creme dela creme компаниите за заштитна опрема (како на пример оние неколку кои ги имав постирано).
Народот вели: ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо... и тоа најдобро можеш да го видиш од ценовниците на споменативе фирми, ако еден борбен елек од Blackhawk чини 80 долари и е шиен во Кина... сигурно не може да биде поквалитетен од борбен елек или носач на заштитни плочи од First Spear изработен во САД, или истите производи изработени од норвешки NFM, шведски Sniegel или германски Tasmanian Tiger. Да не говориме за израелски Marom Dolphin кој го снабдува IDF со заштитна опрема. Квалитетот се плаќа... а тој од конкретниве примери е некогаш и над 500 долари. Фактот дека US Navy Seals ги користат во стандардната опрема производите на Crye Precision ми е доволен гарант дека станува збор за компанија со одлично реноме. Секако, можеби немаат голема продукција како Blackhawk, но од друга страна ни Aston Martin не произведува толкава количина аута како Hyundai (Hyundai не е лошо ауто, но не е Aston Martin).
Секако, немам никаква намера да те убедам или да те разубедам во било што... ако лично ти сметаш дека производите на Blackhawk се најдобри... тоа е во ред кај мене, не ми е целта да те разубедам да купуваш нешто од кај нив. Но не можам да се согласам со ставот дека оваа компанија за опрема е најдобра на светот. Без разлика што пишува во каталогот. Smile
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 14:50

Алварчо, Брејвик ти е на аватарот? lol!
Вратете се на почетокот Go down
Alvar

avatar

Број на мислења : 7665

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 14:52

Laughing

Јок, Hugo Stiglitz. Smile

Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 15:18

Аха, тоа е онај босанскиот Рамбо Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   4/7/2012, 15:24

Alvar напиша:
Airsoft форуми не читам бидејќи airsoft не ме интересира. За Eagle Industries и 5.11 можам да се согласам дека се компании со одлична репутација. Но останативе не би можел да ги сместам во creme dela creme компаниите за заштитна опрема (како на пример оние неколку кои ги имав постирано).
Народот вели: ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо... и тоа најдобро можеш да го видиш од ценовниците на споменативе фирми, ако еден борбен елек од Blackhawk чини 80 долари и е шиен во Кина... сигурно не може да биде поквалитетен од борбен елек или носач на заштитни плочи од First Spear изработен во САД, или истите производи изработени од норвешки NFM, шведски Sniegel или германски Tasmanian Tiger. Да не говориме за израелски Marom Dolphin кој го снабдува IDF со заштитна опрема. Квалитетот се плаќа... а тој од конкретниве примери е некогаш и над 500 долари. Фактот дека US Navy Seals ги користат во стандардната опрема производите на Crye Precision ми е доволен гарант дека станува збор за компанија со одлично реноме. Секако, можеби немаат голема продукција како Blackhawk, но од друга страна ни Aston Martin не произведува толкава количина аута како Hyundai (Hyundai не е лошо ауто, но не е Aston Martin).
Секако, немам никаква намера да те убедам или да те разубедам во било што... ако лично ти сметаш дека производите на Blackhawk се најдобри... тоа е во ред кај мене, не ми е целта да те разубедам да купуваш нешто од кај нив. Но не можам да се согласам со ставот дека оваа компанија за опрема е најдобра на светот. Без разлика што пишува во каталогот. Smile

Јас не реков дека Blackhawk е број 1 во светот, туку една од подобрите заедно со Eagle Industries и Pantac, а не реков дека таа е најдобра. И еден борбен елек на Blackhawk не е 80 долари туку 150, зависи кој модел, 80 долари ти е на 5.11 тактичкиот МОLLE елек. И немој многу да веруваш на цената на елекот, ако е многу висока не се залажувај дека е многу квалитетна. Инаку 90 посто од сите производи кој се сметаат најдобри верувај дека се произведени во Кина. Зборам општо за се. Еве ќе ти кажам мој пример, гледав едни футроли, претходно читав за фирмата (не ми текнува како се викаше) била број 1 во светот зза таква опрема и ја видов етикетата и пишува изработено од таа и таа фирма, потекло на производот Кина. Затоа кај луѓево постои една дилема, ако прочитаат дека е се произведено во Кина е чкарт. Ако производот е шиен во матичната држава каде што е креиран тој производ ќе кошта тродупло повеќе од реалната цена. Зашто е тоа така, бидејќи Кина има евтина работна рака каде што работниците ги плаќаат 10 пати помалку од европските или америчките работници а ги вршат истите работи, дури Кинезите и повеќе. И сега како нема да изработуваш во Кина. А ти овие фирми што ги наброја што им коштаат 500 долари на некој нивни производ, како што спомнав во Кина да ги шијат ќе коштаат трипати помалце, а квалитетот ќе остане ист бидејќи фирмите сами им го даваат платното и материјалот на шивачниците. А тој материјал и платно е изработен во USA и Европа. Во Европа овие фирми, шивачите ги плаќаат 300 евра или долари, а во Кина 50 евра или долари. Па сега ти направи пресметка каде ќе шиеш. Затоа Blackhawk може ги шие своите производи во Кина затоа се со прифатлива цена, иначе да ги произведува во USA ќе бидат поскапи дури и од овие фирми што ти ги наброја
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   5/7/2012, 15:20

HolyTemple не ми е јасно за што служи елекот кој го имаш без футроли?
Вратете се на почетокот Go down
Гостин
Гостин



ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   5/7/2012, 16:07

Frogfoot напиша:
HolyTemple не ми е јасно за што служи елекот кој го имаш без футроли?

Тој се продава без футроли бидејќи има посебен систем наречен MOLLE (MОodular Lightweight Load-carrying Equipment) измислен од Американската Армиија во 1997 година, и се многу задоволни од него, посебно маринците кои се на фронт, бидејќи во најкритичните моменти можеш да ослободиш дел од опремата со МОLLE систем и да закачиш друга која ти е потребна во моментот. На него можеш да закачуваш секаков вид на футроли кои имаат МОLLE систем. Така да ако не ми треба некоја футрола ја вадам таа и ставам друга за друг калибар за оквир или некоја друга футрола дали за радиостаница, бомби итн. Инаку тоа е едноставен систем, гуртни зашиени на неколку нивоа.

Eве како изгледа МОLLE футролата



А еве МОLLE системот



А футроли можеш и тука да нааправиш кај некој шивач. Ќе му ги дадеш димезиите и како изгледа МOLLE системот да ти го постави на футролата, и завршена работа, поевтино ќе ти се фати отколку да ја купуваш од Америка.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5791

ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   5/7/2012, 21:38

Аха, е сега ми е појасно, фала ти.

Значи работи на принцип да си ставаш што ти треба и каде сакаш.

Колку го плати?
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)   

Вратете се на почетокот Go down
 
Средства за физичка заштита - (панцири,тактички елеци,шлемови...)
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 20Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6 ... 12 ... 20  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Копнено вооружувње :: Пешадиско вооружување и опрема-
Отиди до: