ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 AIR POLICING

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9329

ПишувањеПредмет: AIR POLICING   7/1/2012, 23:54

„AIR POLICING“ ЗАШТИТА НА ВОЗДУШНИОТ ПРОСТОР



Во време на современа технологија,кога за многу кратко време може да се совлада големо растојание и со многу мали средства може да се нанесат големи штети, заштитата на воздушниот простор е можеби поважна дури и од заштитата на границите на една земја.Ранливоста на државите (па дури и на најсилните) од вакви закани се покажа во практика со терористичките напади на САД на 11 септември 2001 година.Заради тоа секоја земја мора сериозно да размислува за создавање на капацитети кои ќе можат да ја заштитат од таквите закани тоа се прави со развивање на соодветно воздухопловство опремено со средства кои ќе можат да извршат таква мисија.Станува збор за единствената борбена мисија која воздухопловството ја извршува во мирновременски услови и се нарекува „Air Policing“.Дефиницијата за овој тип мисија би била „употреба на воздухоплов-пресретнувач со цел заштита на суверенитетот на одреден воздушен простор“. Овој термин за првпат е употребен во друга конотација од страна на британските колонијални сили во Ирак во периодот помеѓу двете светски војни кога воздухопловите ефективно го замениле класичниот армиски пристап „со чизми по земја”.Ова е првпат воздушните сили да се употребат за зачувување на мирот помеѓу колонизираните племиња, што, всушност,се покажало како многу успешно.По Втората светска војна терминот почнува да се употребува во неговото сегашно значење.Набљудувајки го комплетниот систем за противвоздушна одбрана,мисијата „AirPolicing“ претставува еден клучен сегмент без кој не може да се замисли квалитетна и целосна заштита на воздушниот простор



NATO AIR POLICING

До 70-тите години од минатиот век сите земји-членки на НАТО развивале сопствен систем за воздушна одбрана и оваа мисија ја извршувале по принципот секој на свој начин со сопствени капацитети. Со ваквиот начин на работа се појавувале проблеми во заедничкото делување и во извршувањето на комбинирани и здружени мисии. За надминување на проблемите НАТО започнува да гради единствен систем за воздушна одбрана сега секоја земјачленка своите национални капацитети ги става во служба на интегрираниот систем за воздушнаодбрана организиран до нивото на командаи контрола (доверено на SACEUR, односно„NATO Supreme Allied Commander Europe“).Интегрираниот систем за воздушна одбрана на НАТО,NATINADS се состои од системи за набљудување, постројки за командување и контрола и за вооружување, како и борбени воздухоплови и земски системи за воздушна одбрана.NATINADS бил и е носечки столб на солидарноста и кохезијата на Алијансата. Овој систем претрпи одредени промени во 2004 година кога како членки на НАТО беа примени Словенија и балтичките земји кои немаат сопствени капаците ти за воздушно набљудување и одбрана.Заради високите стандарди на Алијансата,кога е во прашање заштитата на воздушниот простор, овие земји како нови членки потпаднаа под колективниот чадор за сигурност и одбрана на НАТО што вклучува и рутинско патролирање низ НАТО-воздушниот простор.Останатите членки на НАТО заеднички ја пополнуваат оваа празнина сè додека овие земји не создадат сопствени капацитети или не изнајдат некое трајно решение за заштита на воздушниот простор над нивните територии.



СОВРЕМЕНИ ЗАКАНИ

После терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година и отпочнувањето на глобалната војна против тероризмот значително се изменети и процедурите за реализација на посочената мисија. Во терминологијата е воведен нов назив кој претставува најголема закана од воздух кога е во прашање заштитата на земјата во мирновременски услови. Станува збор за „renegade“ (одметник) – цивилна платформа, односно комерцијален воздухоплов кој во одреден момент може да се употреби како оружје во терористички цели за уништување на стратешки објекти или за масовно уништување кое ќе доведе до негативен психолошки ефект кај популацијата на една земја. Најголемиот проблем е со сигурност да се одреди дали еден цивилен воздухоплов, честопати полн со патници, претставува реална закана што би довело до негово означување како „одметник“. За да се стандардизира и поедностави комуникацијата во NATINADS усвоени се изрази кои заканата ја класифицираат како „претпоставен одметник“ (suspected renegade), „можен/најверојатен одметник“(probable renegade) и „потврден одметник“(confirmed renegade). Последната состојба може да се достигне само доколку посадата или лицата кои имаат контрола над воздухопловот потврдат дека ќе го употребат во терористички цели или доколку некој борбен воздухоплов направи пресретнување и го потврди тоа . Доколку еден воздухоплов биде деклариран како „потврден одметник“
националните власти може да наредат негово соборување,секако доколку земјата има капацитети да го стори истото. Опасноста од ваква закана станува поголема доколку во земјата се организираат важни случувања,особено собири на лидери од разни земји,самити, конференции, меѓународни спортски и културни манифестации или, накратко, цели од интерес на терористичките организации.Токму заради тоа во успешното спроведување на оваа мисија се воведени две состојби на приправност така што и времето на реакција при појава на закана е различно. Првата е т.н. QRA (Quick Reaction Alert – подготвеност за брза реакција) и претставува состојба на подготвеност на пилотите, механичарите и воздухопловите за полетување во краток период од 15 минутиод добивање на сигналот, а втората е CAP (Combat Air Patrol – борбена воздухопловна патрола) и претставува состојба за реакција на закана веднаш. Во оваа состојба воздухопловот се наоѓа во воздух и патролира во претходно дефинирана област.



Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9329

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   8/1/2012, 15:36

ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКОТО НЕБО

Македонија како земја-кандидат за членство во Европската унија и во НАТО ќе мора да почне сериозно да се занимава со овој проблем. Како земја која се наоѓа на крстопатот помеѓу Европа и Азија,земја низ кој транзитираат големи криминални организации,каде се „судираат“ Истокот и Западот,Македонија сериозно треба да му пристапи на прашањето за адекватна контрола на воздушниот простор и за заштита на земјата од воздух. Проблемот со немање на сопствени капацитети за мисијата „Air Policing“ при интеграцијата во ЕУ и во НАТО веќе ги засегна Словенија, балтичките земји,а од 2008 година и Албанија.Воените претставници на посочените земји имаат изработено повеќе студии за решавање на овој проблем. Учејќи од нивните истражувања,но и од искуствата во нивната досегашна практика, би можеле да зборуваме за неколку можности или варијанти за решавање на проблемот со мисијата „Air Policing“.Во продолжение се претставени можни солуции и нивните предности и мани.

1. Спроведувањето на мисијата „Air Policing“ во македонскиот воздушен простор треба да биде задача на НАТО,а рефундирањето на трошоците за реализацијата
на оваа мисија треба да се реализира од Буџетот на Македонија
.Пример за ваква заштита на воздушниот простор се балтичките земји каде НАТО-земјите се ротираат во мисијата „Baltic Air Policing“ на секои три месеци.Позитивна карактеристика за ваквата варијанта е што нејзината имплементација би можела да започне веднаш, но за жал побројни се негативните страни.Најголем недостаток е заштитата од заканата наречена „отпадник“.Ситеземји кои испратиле свои воздухоплови на мисија на Балтикот, јасно даваат до знаење дека нема да соборат цивилен воздухоплов на туѓа територија под никакви околности, па дури ниту ако политичките власти од балтичките земји издадат дозвола за таква акција. Во ваква ситуација воздухопловите вршат пресретнување на цивилниот воздухоплов,вршат идентификација и доколку заклучат дека станува збор за „потврден одметник“, ја пренесуваат информацијата до оперативниот центар и се оддалечуваат од заканата, оставајќи ја единствената можност за уништување на заканата со земски средства за ПВО отворена.Недостаток се и финансиските средства потребиза реализацијата на мисијата.Испраќањето на мисија не значи само испраќање на воздухопловите – тука влегува и персоналот за одржување и опслужување,помошниот персонал и големите количини на потрошен материјал и резервни делови.Зависно од земјата која го испраќа,контингентот брои од 60 до 150 лица.Финансиските побарувања за тримесечната мисија исто така зависат од земјата, но и од техниката со која располага. Според информациите од полското воздухопловство, мисијата во Балтикот со авиони МиГ-29 за нив претставува трошок од 3,8 милиони долари, додека кај норвешките претставници (со авиони Ф-16) сумата изнесува 2,94 милиони долари.Кога на овие суми ќе се додадат дополнителните трошоци кај земјата-домаќин,средствата кои би требало да ги рефундира Република Македонија за извршување на мисијата „Air Policing“ на годишно ниво би биле повеќе од 30 милиони долари.

2. Спроведувањето на мисијата „Air Policing“ во македонскиот воздушен простор треба да биде задача на НАТО, додека рефундирањето на трошоците за
реализација на оваа мисија треба да се реализира преку NSIP (Програма за безбедност и инвестиции на НАТО).
Ваквата варијанта би била можеби најприфатлива за Македонија, но тоа не е случај со земјитечленки на НАТО. Имплементацијата може да започне веднаш, нема оптоварување на Буџетот на Македонија, додека единствено останува проблемот со заканата „одметник“. Ваквото решавање на проблемот се практикува на краток рок, вообичаено до остварување на некоја друга планирана активност, но може да биде планирана и како долгорочен проект на NSIP. Ваквата идеја први ја промовираа балтичките земји, но веднаш наидоа на негодување од страна на повеќето земји-членки на НАТО кои сметаа дека парите од оваа програма би можеле наменски да се искористат за многу помудри и покорисни цели. Во овој случај на македонскиот политички фактор во меѓународната заедница им останува да се обидат да ја добиат „борбата“ за промовирање не оваа идеја во корист на Македонија.

3. Договор за спроведување на „Air Policing“ со некоја земја од регионот која има капацитети за оваа мисија.Пример за ваква варијанта се Словенија и Албанија.Словенија има договор со Италија и Унгарија,договор со кој тие се обврзуваат да го штитат словенечкиот воздушен простор,услуга за која од Словенија се наплаќаат 40 милиони долари годишно. Од досегашното искуство Словенија изразува јавно незадоволство и сериозно размислува за создавање на сопствени капацитети.Во случајот на Албанија, мисијата ја извршуваат Италија и Грција, а рефундирањето на средствата се реализира од буџетот на НАТО (до 2015 година) период до кога Албанија е должна да развие сопствени капацитети или да изнајде друго решение за проблемот. И во оваа варијанта како и во претходните останува нерешен проблемот со „одметникот“.Имплементацијата е брза, но потребните финансиски средства се исклучително високи.

4. Создавање на сопствени капацитети за „Air Policing“ преку набавка на нови воздухоплови преку NSIP.Оваа варијанта е прифатлива за Македонија,но мала е веројатноста дека би можела да се реализира пред нашето зачленување во НАТО.Всушност тоа за NSIP ќе претставува само еднократна донација на средства, а не проект на долг период. Ваквата варијанта го надминува проблемот со „одметникот“,но нејзината имплементација бара подолг временски период. Знаејќи го процесот на донесување одуки во НАТО, дискусијата околу ваквиот проект би траела најмалку две години. Доколку се дојде до позитивна одлука, би се пристапило кон конкурс за избор на платформа и производител, и потпишување на договор, за што ќе бидат потребни дополнителни две години. По изборот, на производителот ќе му бидат потребни четири години да ги произведе и да ги достави авионите. Доколку реализацијата на оваа варијанта отпочне во 2012 година,Македонија би ги добила воздухопловите во 2020 година. Имајќи предвид дека целосната обука за добивање на “combat ready” пилот трае околу 6 години и не може да започне пред потпишување на договорот,целосната имплементација на оваа варијанта би се случила во 2022 година.

5. Создавање на сопствени капацитети за „Air Policing“ преку донација на користени воздухоплови од друга земјадонатор. Употребата на оваа варијанта значително го скратува потребниот период за имплементација, го решава проблемот со „отпадникот“ и бара значително помали средства за иницијален почеток.Бидејќи станува збор за донација,почетната инвестиција за Македонија е минимална и прифатлива. Во времето потребно за имплементација би била вклучена само обуката на пилотите која би завршила во 2018 година. Единствен недостаток е фактот дека веќе користените воздухоплови и опрема се потешки и поскапи за одржување. Можеби најтешкиот дел во оваа варијанта е да се најде пријателска земја која има капацитети и ќе биде расположена да донира воздухоплови и опрема на Македонија.

6. Создавање на сопствени капацитети за „Air Policing“ преку набавка на нови воздухоплови.Оваа варијанта е најефикасна и е долгорочно решение на проблемот.Таа нуди целосна заштита на воздушниот простор и релативно брза имплементација.Процесот би отпочнал со распишување на меѓународен тендер за набавка на воздухоплов,а веднаш по изборот би се потпишал договор за набавка со што веднаш би отпочнал процесот на обука и на пилотски и на воздухопловно-технички кадар.Комплетната имплементација би била завршена во 2018 година,а Македонија би добила современи капацитети, компатибилни со силите на НАТО и способни самостојно да ја реализираат мисијата за заштита на суверенитетот на македонското небо. Според некои пресметки, реализацијата на ваков проект,вклучувајќи ги средствата потребни за набавка на осум воздухоплови, иницијална обука, алат за одржување, опрема и резервни делови за воздухопловот и вооружувањето,директни и индиректни трошоци, на годишно ниво не надминува 12 милиони долари.Доколку целокупниот процес се реализира преку „офсет“ договор со производителот, голем дел од средствата би се вратиле во Македонија во вид на инвестиција, што ја издвојува оваа варијанта како најдобра од сите разгледани во овој текст.

7. Создавање на сопствени капацитети за „Air Policing“ со набавка на нови воздухоплови преку заеднички проект со други земји од регионот кои имаат ист проблем.Доколку се најде заеднички јазик и разбирање со земјите од регионот кои ја делат нашата судбина, како Албанија,Хрватска, Црна Гора и Србија, би можело да се постигне истата ефикасност како во претходната варијанта со таа разлика што заради заедничкото настапување на пазарот цената за набавка на воздухопловите би можела да биде пониска. Во овој случај можноста за постигнувањето на „офсет“ договор во овој случај е сведена на минимум.Аналогијата на земја која нема развиено „Air Policing“ е живеење во куќа повеќе децении без да се постави ниту една ќерамида на покривот. Неоспорен факт е дека нашите желби за интеграција во НАТО и во ЕУ само ја надополнуваат потребата од развој на капацитети за овој тип мисија.
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9329

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   8/1/2012, 19:35

Што мислите кој од овие 7 точки е најдобра за нас,и според вас кој авион е најдобар за наши услови... ???

Според мене најдобро ке биде Турција нам да ни донира борбениа авиони од типот F-5,и така сме стратешки парнери треба само да побараме,турциве не би не одбиле и така ги имаат во голема бројка 200 комада F-5,е сега од наша страна треба да има желба и пари,за обука на нови кадри кој ке можат и ке знаат да управуваат со овие летала.

Еве ви неколку слики од Турските F-5 ки...





Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/1/2012, 08:17

Bombona se! king
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/1/2012, 08:17

Najverojatno nas drug ke ni go cuva neboto, za zal... silent silent silent
Вратете се на почетокот Go down
Makedon

avatar

Број на мислења : 158

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/1/2012, 12:13

Frogfoot напиша:
Najverojatno nas drug ke ni go cuva neboto, za zal... silent silent silent

Раное да се збори за ова, АРМ се уште не се откажува од идејата самите да си го чуваме небото, па ќе видиме што ќе испадне!!!
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/3/2012, 01:56

Се разбира дека е најадекватно сами да си го чуваме небото. А и ако ги разгледаме детално сите точки ќе заклучиме и дека финансиски е најисплатливо и најреално сами да си организираме чување на небото.
Вратете се на почетокот Go down
AlexGreat

avatar

Број на мислења : 277

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/3/2012, 23:25

хм..па незнам баш колку е најизводливо ние сами да си го чуваме аероторијалниот простор. Дека е најдобро да.. но..

_________________
Born to be Macedon!
Вратете се на почетокот Go down
Зоран

avatar

Број на мислења : 3677

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   10/3/2012, 23:27

Тоа задоволство чини.
Вратете се на почетокот Go down
Генерал

avatar

Број на мислења : 2332

ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   11/3/2012, 14:37

Не би го нарекол задоволство туку потреба. Е сега дека чини тоа не е спорно. Ама ако направиме подобра анализа може да се заклучи дека на подолг рок е далеку поисплатлива варијанта од на пример други да ни го чуваат воздушниот простор.

_________________
Потта штеди крв!
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: AIR POLICING   

Вратете се на почетокот Go down
 
AIR POLICING
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 6Отиди на страна : 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Воздухопловство и ПВО :: Авиони-
Отиди до: