ОДБРАНА



 
HomeРегистрирајте сеВлезfacebookОдбрана Форум YouTubeОдбрана Форум-Аndroid app

Share | 
 

 Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
momo



Број на мислења : 39

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   20/3/2013, 19:17

Од се она што е потребно за овој проект,земјите иницијатори имаа само-ИДЕЈА-а за пари ќе видиме
Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

avatar

Број на мислења : 52

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   16/4/2013, 06:06

Iko напиша:
Bez nikakva navreda...ama dali si svesen deka totalno meshash mobilni povekje-cevni raketni lanseri - i mobilni raketni sistemi za protiv-vozdushna odbrana?!?


Konkretno, dotichnite koi ti gi navede....nemaat ama bash apsolutno nikakvo PVO dejstvo....tuku se raboti za taktichki raketni sistemi za artilerska saturacija....

Ниту пак се тактички, истото важи и за мобилните, Скад Искандер кои се регулирани согласно СТАРТ и низа меѓународни договори, бугарија имаше но од над 400км стигнаа до максимум 70км, значи скад, Искандер се Медиум балистички ракетен систем(БМ-21=ракетна артилерија, не тактичка, нема брзина од 5-6 мах при удар), е сега идејава е катастрофа-нема подобро од сопствена ПВО.

ПатриотПАС-2 направи мал феил но затоа тројката треба да е исправен, барем Турците все задоволни но за нас е скап, но МИМ-23 Хавк M или К антибалистичката е солидна опција две батерии по 30 милиони, плус кога една германија и Израел го Користи за антибвалистичка заштита зошто и ние да не плус системот има пресретнато балистички проектили а моментално има и К бенд тага да е резистентен и на Електромерки понатаму има заштита од приотиврадарски ракети, детекција на 80км а потоа.....

Важно е да неколку се модифицираат и со Амраам, ако таа опција е неповолна уште подобро бидејќи 30 милионскиот е оригинал т.е од рајтеон од САД(како и мС-300 има индиска,Иранска па кинеска варијанта...) така да ќе добиеме State of the art system кој соборувал летала и е докажан, од патриот и немаме потреба, ако Грците беа задоволони зошто купија С-300???

Нормално бидејќи за 5-7 минути е активен а за патриот треба...епа пола час, ракетата на хавк е брза, посебно појалчаното полнење ќе кутка, добра опција е Тунгуска за Ков(копнена војска) како мобиле и кадарен да нишани и мети по земја.

Многу важна работа, нема гаранција кај балистичките ракети дури и киај оние со среден дострел бидејќи ги модификуваат на пример Ирачаните таа ја почнаа отстранувајќи гориво или пак менувајќи тежина на боеца глава, па додавање гасни генератори а патриот утна многу во сауди Арабија и тоа директен погодок не спречи, понатаму неколку удари врз кувајт повеќе врз израел, понатаму "штитот" во Поилска и радарот во Чешка се апсолутно никаква одбранба за европа бидејќи неможат пресретнувачите да реагираат навреме, тоа беше политичка игра но ајде ете ги имаат 10 силоси нека мислат дека се под чадор ама јас велам подобро да не врне оти чадорот попушта а и секако ќе се намокриш Smile

Е сеганема да можат да пресретнат руски ракету дури ниту Ирански, затоа планот се смени сега до 2015 Aegis програмот ќе биде одговорен од средоземно море за идбрана на ЕУ, ќе има бродовуи и ИМА вио персиски заливц близу кореа е сега не е некој проблем кај СМ3 ефзоатмосферскиот пресретнувач бидејќи на таа брзина има доволно сила, проблемот е што оди по мамки(decoys), ова истото се случи и на ТХААД кој е во основа копнен мод на СМ3 навистина се брзи, но се малку назад, поназад од Израел и токму затоа му ги нудат SPY радарите за заедничка одбрана што е разбирливо бидејќи кај САД/НАТО без разлика дали има или нема експлозив без контакт нема десреукција додека со Aeeow не е така имено развиван е 1980 па за од 1994 да се тестира и од 2000 користи а ТХААД 94 го мислеа а беше планиран за 2012 но ете 2008ма го избрзаа најверојатно поради фактот што стар варс ги чинеше многу а самата студија им докажа дека само Електромагнетен топ може да уништи ICBM.
Еве и Индија веќе го имплементира Израелскиот ероу(а за ракети БМ-21 и сл има Израел Iron dome Smile ) во нејзиниот ААД кој лично јас па и многумина го сметаат за дури подобар и од патриот и од С-300....нормално ако ерроу шибне ако не 500 барем 350кг боева проксимити глава(за разлика од 135-145кг кај Патриот 3 и толку кај С-300 а плус и ероу и индискиот се многу брзи, ама нас како мала држава не ни треба до толку кеш, Хавк и 10 С-300, Поради малата површина во квадратни километри ни одговара густа САМ одбранба токму затоа две Хавк од рајтеон се тип-топ и С-300 од алмаз антеј и мислам дека откако ќе ги добиеме системиве веќе ќе се осети дека влијаат деморализирачки посебн за војска без ЈДАМ.

Така да Тунгуска ќе може да почека бидејќи СА 13 е доволен за таа количина на тенкови, најреално немаме потреба од нови тенкови т.е нови оклопни возила и слично, па златенб хермелин, Т-72 ама може и уште 20 Украински Оплот многу ги фалат но сметам дека денес колку и да е јака и побројна копнената војска, ако не го контролираш небото, ниту пак се бориш за него осудена е таа на пропаст.

Еве и Египет,Сирија, Либан пробаа но изгубија воздушна супериорност, па дури и пробиваа звуќна бариера во Каиро.

Јас неќам некој од П.М да ми демонстрира сила а јас да климам со наведната глава, така не може.

Би се осврнал и на коментарот ако имам 150БМ-21 Град(и треба Оркан или МЛРС, поевтино е првово) кај ќе ги поставам бидејќи прочитав теза дека е од таму од каде што очекуваш напад но полека малку согласно ОБСЕ и НАО вгршиме инспекција во Грција каде им се тенковите, колку со колку мунициија и.т.н

Значи ако ние трупаме војска на граница макар дефанзивно очекувајте истото да го стори било која држава, додека поставување на САМ како дефанзивен систем согласно обсе не е закана.

Плус за оние кои се запознаени добро знаат за бетонските пречки спрем,а Бугарија како членка на варшавски пакт, но и Грција како НАТО членка бидејќи Тито градеше армија способна да се брани и од двете страни токму затоа после 54-56 кога Италија го отстапува авиано на НАТО ЈНА решава жељава да биде таен објект со брзи Миг-ови поради фактот што тоа е т.н црна точка односно од планината НАТО-вци нема да знаат од каде доаѓаат авионите...кога би не нападнале, паралелно со Изградбата ЈНА доби далекусежен радар со кој можеше и да се кодоши Италијанскиот Воздушен простор и поретко кон Австрија.

Мало потсетување до 2002 година нуклеарно оружје имаше во Грција,Белгија, Франција, Британија Турција Јужна африка и Израел поради необјаснивиот Х и GRB за кој се смета па и податоците укажуваат на нуклеарна проба, денес Грција нема поради падот на комунизмот(мислам и белгија исто) во Турција им под Американски клул, а освен индија, пакистан и Кина со С.Кореја се сомнева дека нуклеарно оружје развива(или развил) Тајван, Иран и Бразил.

Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   16/4/2013, 13:03

Ова за бетонските пречки не сум чул досега.. и дека има?
Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

avatar

Број на мислења : 52

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   17/4/2013, 14:12

На граница со Бугарија, тоа е пасивна одбрана место каде се смнета дека прио напад мора од таму да поминат ама прво ќе мора да ги уништат препреките, а вториот тиоп на пасивна одбрана е камуфлирани ископани дупкли од 5 метра па ако тенк падне нека го вадат ако се кадарни Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
SIG

avatar

Број на мислења : 5798

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   17/4/2013, 15:01

Има такви ископани дупки?
Вратете се на почетокот Go down
Hivemind

avatar

Број на мислења : 52

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   19/4/2013, 22:40

Да има посебно одкај Грција која за време на Југославија беше граница со НАТО додека Бугарија со Варшавскиот пат, дел има поставено и пластични противтенковски мини, негде дупки па да ги видам нека извадат ако се толку 48-50 тона Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Momak od Gjorce

avatar

Број на мислења : 9301

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   26/9/2013, 13:12

„Паметната одбрана“ нема решение за македонското небо

„Кога нашето оружје е во рацете на друг, господинот пушка повеќе не е нашиот пријател“, ова е мотото на американските маринци што го потпевнуваат додека тренираат и маршираат низ своите бази во строев чекор препознатлив за сите оние што ги гледале воените американски филмови. Токму оваа нивна мудрост по многу нешта можеме и ние самите да ја употребиме во состојбата во која моментално се наоѓаме

Македонската авијација и противвоздушна одбрана дваесет и кусур години сами си го бранат небото над нашата земја, иако досега сме имале неколку понуди оваа функција да ја преземат трети и подобро вооружени држави.

Причина за овие понуди е исполнување на НАТО-стандардите, а тоа е многу тешко за нас, бидејќи АРМ засега не располага со свои борбени ловци-авиони, бидејќи четирите борбени авиони „сухој“ ни се приземјени засекогаш. Првите и досега единствени борбени авиони на АРМ веќе деветта година стојат препуштени на временските услови на стојалиште во базата на воздухопловната единица на АРМ кај скопскиот аеродром. Запустени и заборавени, со избледена маскирна боја и со ознаки, заматени стакла, четирите „сухои“ почиваат на гробиштата на отпишана опрема на воениот аеродром. Ниту АРМ ниту Министерството за одбрана немаат одговор каква ќе биде нивната понатамошна судбина.

Во јуни 2001 година, во екот на конфликтот, Македонија купи четири борбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, во оперативна употреба во силите на Советскиот Сојуз биле од 1978 година, а најмногу дошле до израз во советската интервенција во Авганистан. Авионите на АРМ имаа неколку успешни борбени летови во конфликтот во 2001 година како поддршка на копнените дејства на безбедносните сили. Во пролетта 2003 година Македонија декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа приземјени и конзервирани. Наредната година Министерството за одбрана и формално ги отпиша авионите од евиденцијата на опремата и вооружувањето на АРМ.
Сега, кога веќе ги немаме нашите авиони, чувањето на нашето небо евентуално доколку влеземе во НАТО, но и пред тој чин, треба да ѝ го оставиме на трета земја. Висината на услугата за овој чин, судејќи според публикуваните текстови на балканските весници, за кој Македонија би им плаќала надомест на Хрватска, Бугарија или, пак, на Србија, се движи од 20 до 60 милиони евра годишно.

Последната понуда од овој тип пристигна минатата недела, кога балканските весници ја објавија веста дека постои можност македонското, црногорското и босанското небо да ги чуваат хрватските авиони.

Знаејќи дека нашиот воен буџет во изминативе години варира од 60 до 120 милиони евра, сосема е нелогично да го оптовариме со огромна сума пари што би требало да се одлеваат во џебот на соседните балкански држави за нешто што мораме самите да го правиме. Ако ги дадеме тие пари, како ќе ја исплатиме нашата професионална армија и како ќе функционира нашата војска без скршен денар и со каса посиромашна од 20 до 60 милиони евра годишно?

Ако генерална политика на оваа влада е да не се задолжува, како на пример со случаите со купување наши амбасади во странските земји (во Виена, Љубљана, Прага, Анкара, Истанбул, Варшава, во Лондон, Москва, Солун, Будимпешта, Софија, Стокхолм, Рим, Мадрид и Букурешт) само за да не плаќаме некому кирија за она што е неопходно за нас, тогаш зошто за сличен случај ние би плаќале „воена кирија“ некому за да ни лета над нашите глави.

Тешко дека ќе се најде некој во Министерството за одбрана што би се нафатил да ја процесира оваа идеја од „Паметната одбрана“, добропознатата стратегија на НАТО посветена токму на земјите како Македонија. Бидејќи навистина технички, технолошки и политички работите не се такви какви што ги претставуваат земјите што ни се нудат да ни го чуваат нашето небо.

Хрватска на пример се фали со својата воена авијација, а таа всушност има само три-четири полуисправни авиони од типот „миг-21“, кои поради староста се на работ на својата употреба. Токму затоа Русија ним одбива да им ја продолжи дозволата на летање, а Хрватите сакаат да заработат од нив. Генералите во Загреб што ги тријат рацете од оваа можна зделка најверојатно изумиле да посочат дека нивните авиони дури и го немаат ниту радиусот на долет за да ни го „покријат“ нашето небо и евентуално би требало да поминат низ српскиот воздушен простор, а дозвола за таква работа тешко ќе добијат.

Ништо подобра од Хрватска не е ни Србија. Белград, пак, не дочека дури ни да му слетаат на домашните аеродроми новите руски ловци „миг 29“ што тој ги купи од Москва со кредит и кои реално во моментов ги нема, а веќе ги распродава нивните услуги. Нашиот народ би рекол на нероден Петко капа му скроиле.

Од трета страна, пак, Бугарија, иако ги нема реалните проблеми со авионите што ги имаат Србија и Хрватска, не може да се гледа како фаворит за да ги добие нашите пари. Знаејќи ги политичките моментални релации меѓу Скопје и Софија, која се прокламираше себеси како верен сојузник на Атина, тешко е да се поверува дека толку лесно некој во нашата влада ќе ги прифати нивните услуги за оваа работа.

Факт е само дека, кога тогаш, со зачленувањето во НАТО, нам оваа обврска за заштита на нашето небо со воени авиони-ловци неодложно ќе ни се наложи. Несериозно е да се прифатат ваквите планови за плаќање кирија на туѓи авиони и за атлантската интеграција без притоа добро и стратегиски да се размисли за сѐ, дали ќе инвестираме и покрај тешката економска ситуација во својата флота на чии летала ќе стојат ознаките на АРМ или, пак, некому ќе му ги полниме џебовите.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=925139745&id=13&setIzdanie=22986
Вратете се на почетокот Go down
fighter

avatar

Број на мислења : 68

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   28/9/2013, 13:58

е добро, ако ние ја нападниме јужнава комшика со "Grad" со кој ракетен ПВО систем тие ќе ги рушат ракетите, или не можат да ги рушатjupii Glava v zid Glava v zid Glava v zidNe!
Вратете се на почетокот Go down
Legija91

avatar

Број на мислења : 1274

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   28/9/2013, 15:14

АХААХАХАХАХАХАХХ ај нападни ја ти комшиката со град па ја ке ти кажам , ако сме тука уште

_________________
If you're going throw hell, keep going.
Вратете се на почетокот Go down
РИС



Број на мислења : 806

ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   28/9/2013, 16:28

Штотуку пропуштивме можност од пријателски Израел да куоиме релативно добар борбен авион ловец , за наши македонски потреби KVIR BLOK-60
http://www.youtube.com/watch?v=XNIgXS4-SfE
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“   

Вратете се на почетокот Go down
 
Заеднички ПВО концепт „Паметна одбрана“
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
ОДБРАНА :: Воздухопловство и ПВО :: ПВО системи-
Отиди до: